изгубени килограми: –22 кг.
во период: 12 месеци од кои 10 месеци на рестрикција и 2 во траен режим
Изгубени 22 кг, во период од 12 месеци од кои 7 месеци строга рестрикција, 2 месеци вон рестрикција и остатокот пак рестрикција со мали стагнации, поради кои никогаш не помислив да се откажам.
Многу сантиметри во обем и 4 конфекциски броеви. Денес влегувам во гардероба 38ца, што да кажам освен намалување на сé, од дупцињата на ремениците, до чевлите и прстените на раце и што е најважно напипување на клучна коска.????????????
Сé е добро, се додека едно утро не се разбудиш и погледнеш ама длабоко во огледалото и се видиш натечена, уморна, безволна, да не речам депресивна, да се жалиш од нозе и кичма а да не превземеш ништо…Си велиш е доста е…ќе почнам од понеделник. Да понеделник, но кој, да 1-ви но кој 1-ви…и се така.
Како средношколка килажата ми одеше најмногу до 60 кг..елегантно пополнета, после следат пораѓај, поправање и само поправање. Дојдов до килажа од 102 кг, потоа разни животни стресови и намалени 36 кг, за 6 месеци. Потоа пак следи поправање накај скоро 90 кг…Е, сега е доста!
Почетоци
Почнувам со слимлине, намалувам 3 кг со јаки тахикардии и други нус појави, се откажав. Почнувам Жан Митрев, да се слабее, но гладна сум, а и свадба на синот е…Морам да најдам решение?
Јануари 2017 пак свадба, ќе го носам истиот фустан од свадбата на синот…е да го носам ама??? Леле го навлеков а сега како да го закопцам, се разочарав… Му велам на сопругот јас ке легнам на стомак, а ти влеци го патентот, помагај жити се! Тој: ЛЕГНИ НА СТОМАК И НЕ ДИШИ..ЧЕКАЈ ..УШТЕ НЕ ДИШИ????????
И така се закопчав ама цела свадба ја преседов, што од срам јас и 5те спојлери на мене, што од страв патентот да не се расипе. Така од следниот ден стартувам со хроно, имав по некоја грешка на почетокот со намирниците ама се научив што и како смее.
Ветераните од групата ме мотивираа секојдневно
Највеќе ми помогнаа сликите од членовите ветерани во групата: ВИКИ, ФАНИ, САЊА, ДВЕТЕ МАРИИ, МЕРИОПИ, МОЈАТА ДОНА, ИРЕНА, ЗОРИЦА, ВАЛЕРИЈА. Сите ги засакав како сестри.
МОТИВАЦИЈА, најголема ми беше ВИОЛЕТА ЗЛАТКОВА и нејзините објави, трансформации по соблекувалните…е тоа е клучниот момент, кога можат тие можам и јас. Откако влегов во хроно семејството немаше ден а да немав објавено слика од било кој оброк, за мене беше необјавено како нејадено, како да не сум се придржувала.
Знаев да се качам на стол и од висока птичја перспектива да сликнам оброк, ако ми се газеа дома од смеа, ако ми велеа цццц, важно јас си го терав хроното. Се мораше да биде тип-топ, па и јас. Килограмите лизгаа, обемот драстично видлив, промена на гардероба yупиии.????

Мојот хроно дневник со Жаки Георгиевска – Трансформации
Хроно не е само естетска убавина туку и здрав начин на исхрана
Си го засакав и огледалото, огледалце огледалце мое!!! Но, највеќе од се го засакав мирисот на топлото ‘ржано лебче од мојата кујна. Добивав комплименти од типот браво, што си сторила, до кога вака, на сите им велев додека ме има, но имаше и од оние негативни и љубоморни што не би ги рекламирала…
Сé се може, само треба волја и цврст карактер, а карактер имам зошто се откажав и од цигари. Добро знам понекогаш да каснам нешто благичко во криза, но со усул и во одреден час, но си се враќав на рестрикција. Во моите 46 год. се немам напиено толку лимонада, се разбира без стевија никогаш ја немам купено.
Хроно не е само естетска убавина, фит и добро тело, туку здрав начин на исхрана и прекрасни здравствени придобивки. Успеав холестеролот да го симнам и да се откачам од таблетите од холестерол, од 10 сега ми е 4.2. Триглицериди од скоро 2 на 0.77, железо од 9 на 21, хемоглобин топппп и нема таков што ќе ме увери дека ова не е здраво. Само време, трпение и да се најде начин да кажеш за мене се работи, ова не сум јас. Треба да се сменам, треба да сум здрава за мене и за моите сакани!
Заедно сме појаки, заедно сме целина…Сфатете, животот е како возење во Луна парк, има многу издигнувања и паѓања. Но, наша е одлуката дали ќе врескаме или ќе уживаме во возењето.
Сакам да ви се заблагодарам, се што правев овие 12 месеци е правено со љубов, секој мој оброк е направен со љубов. Фала ти ВИОЛЕТА ЗЛАТКОВА што оформи една ваква фамилија полна со разбирање, солидарна, хумана… Се дружиме и се гледаме дали рестриктивно или вон-рестрективно, важно ХРОНЕРСКИ…Од мене лесно не се откачувате. ????
Јас покрај вас уживам веке 12 месеци I love you all. ????????????
Други корисни линкови: