изгубени килограми: „само“ -16 кг, но за мене многу побитно, од конфекциски број 44, сега конфекциски 38, или како што јас повеќе милувам да кажам: комотна М.
во период: 14 месеци од кои 7-8 месеци во рестрикција а останатите во траен режим
Мојата приказна за вишок на килограми почнува многу одамна, особено во периодот некаде околу 2001- 2002 год. кога колуминираше. Во тој период нагло ми се здебелив, ми се покачи крвниот притисок иако имам секогаш низок, ми се покачија триглицеридите и тоа беше доволен аларм за да почнам нешто да правам за себе и своето здравје. Од тогаш интезивно со успони и падови трае мојата „борба“ со килограмите, сѐ до некаде септември кога се видов со брат ми после 17 г. и тој ми рече: „Јао секо, ала си се удебљала“
Откако тој си отиде, ги листав заедничките слики кои ги направив за неговиот престој и тоа беше иницијалната каписла, да почнам да размислувам повторно за себе.
Сите добронамерно ме советуваа да ослабам
Целото мое најблиско опкружение, моето семејство, родителите, роднините, другарките, ми велеа дека треба „малку“ да ослабнам, но јас како одбрамбен механизам им велев дека сум си убава, дека ми е добро така….иако тоа не го мислев и не бев среќна.
Првиот голем успех со прекумерната тежина беше 2002 год. кога со помош на нутриционист за 4 месеци ослабнав 26 кг, некој период одржував, па повторно качив…. и се така горе-доле, додека една моја колешка не ме упати да се зачленам во Хроно групата.
Така и сторив, веднаш бев прифатена, а тогаш групата не беше повеќе од 5 000 членови.
Каква што сум по природа љубопитна за се што ми е предизвик, веднаш почнав да читам за хроното, да ги пратам сите постови, коментари, фотографии од пред-потоа, оброци и сето тоа ми беше многу интересно и примамливо. Читав, учев, симнував правила, податоци, рецепти и на 20 октомври 2016 год решив и почнав.

Трансформации – Меропи Мери Ѓоргиевска
Резултатите се голема мотивација да се продолжи понатаму
Јас како љубител на месо, се пронајдов веднаш во оваа исхрана, иако ние како семејство долго време се храневме на многу сличен начин на овој поради здравствени причини.
Малку на почетокот ми беше несвојствено да разберам како може да нема овошје, бидејќи јас долги години за појадок јадев само овошје, но тоа многу брзо го сфатив и го надминав.
Најинтересен момент е мојот прв хроно ден. Работам како одделенски наставник во основно училиште и чекам голем одмор да одам да појадувам. Во наставничката канцеларија собрани сите колеги, јас се распостилам со мојот појадок онака обилен и сите колеги се вртат кон мене вчудоневидени и ми велат:
-Што е ова од тебе?- научени да ме гледаат со некое јаболко во рака. А јас онака самуверено им велам: -Од денес сум на диета!!! Не можам да ви опишам која смеа беше во канцеларијата, со коментари: „Ама ти е диетава, јас јадам цел ден волку!“ или „Ова сѐ ќе изедеш?“ А јас онака гордо и самоуверено им кажав: -Ќе видите наскоро!
По првата рестрикција ослабнав 4,5 кг и доста во обем. Тоа беше голема мотивација за мене да продолжам. Веднаш имаше многу коментари дека сум ослабела што беше голем мотив да одам натаму.
Во текот на моите 7-8 месеци рестрикција имаше и многу стагнации во килограмите, но не и во обемот. Тоа ме држеше во кондиција да не попуштам и да не се откажам.
Иако љубопитна, со текот на времето ја „фрлив“ вагата, не се замарав со килограмите и мерките. Уживав во исхраната, секојдневно учев, едноставно хроното ми стана опсесија. Резултатите ги гледав по гардеробата, по коментарите од моите најблиски.
Мојата првична цел беше на вагата да видам напред 7-ца, па за некое време и 6-ка, па макар 69,9, но резултатите не ме оставија мирна, сѐ повеќе ме мотивираа и како што знаевме со Фани да се пошегуваме, крајната цел ни беше високи чизми и минич. ☺
И најбитно од сѐ, е тоа што се чувствувам преубаво, со многу енергија, добро здравје, психички и физички во добра кондиција, иако си ги имам годинките и со задоволство кажувам дека сум среќна баба. Секако дека не можам да кажам дека не сум задоволна и со мојот изглед, а најмногу од сѐ рамномерното топење и обликување на моето тело.
Трансформации – Меропи Мери Ѓоргиевска
Поддршката од најблиските и секако од моето „второ семејство“ (Хроно групата) одигра голема улога во мојот успех
Верувам дека секоја приказна на секој член од нашево големо и среќно Хроно семејство, ќе го содржи овој дел, па затоа и не би се повторувала со веќе напишаните стории на предходниците.
Само ќе кажам дека позитивноста, љубовта, подршката, мотивацијата од сите членови е несебична и единствена, особено од нашите ни мили и драги админи и модератори.
Многу се радувам кога имам убави коментари на постираните слики со пред и потоа, кога ми велат дека сум подмладена, кога ме нарекуваат згодница…
Хроно е начин на живот, хроно е љубов!
Можам да пишувам уште многу, но еве како за крај ќе ги наведам само придобивките:
- здрава исхрана
- солидна општа здравствена состојба
- посакуван физички изглед во однос на килограмите
- енергија
- самодоверба
- дисциплина
- истрајност
- карактер
- подршка
- многу пријателства и дружење
- позитивна енергија…
И на крај моето мото: ХРОНО Е НАЧИН НА ЖИВОТ, ХРОНО Е ЉУБОВ!
Други корисни линкови: