Рецепт
- 200 гр обарен Грашок
- 50 гр Зелена салата (Црвена зелка, Марула, Спанаќ, Рукола, Путерка)
- 50 гр. Шери домати
- 1/3 Свежа краставица
- 1/2 Морков
- 1 Млад кромид (без перцата)
- 1/3 Халапењо пиперка
- 1 лажица Маслиново масло
- 1 мал. лажица Сенф Dijon
ЗАЧИНИ
- Сол
- Куркума
- Кари
- Сушен лук
- Оригано
- Сушен Босилек
- Чадена сува пиперка
Инструкции за готвење
1 | Подготовка
Најпрво зелената салата треба убаво да ја измиеме и исушиме. Црвената зелка и марулата ги сечеме на поголеми парчиња на кои ги додаваме спанаќот, руколата и путерката.
Шери доматите и свежата краставица ги сецкаме на помали парчиња. Халапењото и младиот кромид ги сецкаме на ситни парчиња. Морковот го додаваме рендан. Сите овие состојки ги посолуваме и го додаваме маслиновото масло и убаво ја мешаме салатата.
За крај го додаваме грашокот и го зачинуваме со лушен лук, Куркума, Кари, Оригано, Босилек и чадена сува пиперка. Го додаваме и сенфот и повторно ја промешуваме салатата.
На здравје!
Не е маратон, не е трка на кратки стази … вечно трчање е до подобра верзија од себе. До секое наредно “Браво” пред себе, до секоја воздишка пред спиење и “успеав и денес”.
Повеќе за мене