Веганско/ Вегетеријански појадок/ Леб и пецива/ Појадок/ Посен вегански појадок

Посна пита со праз и печурки

Посна-пита-со-праз-и-печурки

Питите се секогаш предизвик и секогаш бараат трпение затоа што со интегралните брашна е многу потешко за сукање или тегнење.

Затоа и оваа пита е со интегрално пченично брашно, најлесно е за работа од сите брашна кои се користат во хроно.

Рецепт

  • 1 кг Пченично брашно
  • 650 мл Топла вода
  • 5 гол. лажици Маслиново масло
  • 1 мала лажица Химелајска сол

ЗА ФИЛ

  • 5 стракови Праз
  • 200 гр Печурки

Инструкции за готвење

Од сите состојки се меси меко тесто, кое не треба да се лепи на рацете. Затоа можеби и ќе треба да ја прилагодите дозата на водата.

Тестото се дели на 8 дела и се формираат топчиња. Од секое топче се сука мала кора.
Од двете страни на секоја кора се става поголема количина на масло и се оставаат да одморат 30 минути.

Потоа од секоја кора се развлекува голема кора на чаршаф и се става од претходно подготвениот фил.

Питата се пече веднаш во загреана фурна на 200 степени, околу 40 минути.

На здравје!

За оние кои сега сте започнале со хроно исхрана, во првите 28 дена не препорачува да се користи интегрално пченично брашно.

Сподели

Слични содржини

Не постојат коментари

Оставете коментар