За мене
Најлошото во целата приказна е што знаев се што си правам, знаев доволно за храната, барем основното, раководеејќи се по исхраната на ендокринолозите и 5 години живеејќи на таа исхрана. Ама 2 години од животот иако знаев дека појадокот со смуди ќе “ме убие”, дека компирите со сирење без контрола ќе ми го кренат инсулинот до плафон и после два саати ќе јадам благо како да е последно на светот… дека по кило овошје на ден ниту било ниту ќе биде здраво за инсулинска резестенција… Се знаев и по не знам кој пат во животот си најдов милион изговори за да го направам тоа.
И последното нешто што си го зезнав од преголемиот внес на јагленихидрати, најмногу со благото, тестенините, со неконтролираното јадење овошје и пиење смуди и компирите без усул – беше тоа што си ја замастив јетрата и тоа до ужасна состојба.
Не е маратон, не е трка на кратки стази … вечно трчање е до подобра верзија од себе. До секое наредно “Браво” пред себе, до секоја воздишка пред спиење и “успеав и денес”.
После една година на хроно инсулинот ми е 9, тироидната посовршена никогаш не била, целиот хормонален статус како што требаше да ми биде на девојче на 18 години, липиди скоро до совршени параметри, хемоглобин 148 и железо од 24. Јетрата и ензимите уште после третиот месец беа супер.
Нема посреќен човек од мене денес. Можам цел ден да го поминам на нозе и да не го почувствувам оној хроничен умор и животински апетит кој знаел секогаш да биде посилен од мене. Не сум оптоварена дали имам изедено плус едно јајце или дали цвеклото ми е 100 грама за да не ги надминам лебните единици за ручек…
Можеби не сум најкомпететниот човек затоа што во животот, односно во изминатите 20 години, си дозволив толку многу варијации во килажата и здравјето. Но, баш и од таа причина гласно кажувам, никогаш не се откажувајте и не кревајте раце од себе! Дури и 500 оброци по хроно да имате во една година е подобро од ништо… дури и пречести паѓања да имате, најдете начин да се охрабрите и да продолжите.
Телото памети се, за жал, лошата исхрана и вишокот килограми кога тогаш си наплаќаат преку здравјето. А не вреди ниедна торта, ниедно благо, или кило помфрит со сирење кога борбата почнува и завршува со него.
Доколку ви е потребна дополнителна мотивација, прочитајте ги споделените искуства на хроно хероите во Мојот хроно дневник.
Медиумски гостувања