Рецепт
- 700 грама ржано брашно
- 400 мл топла вода
- 3 лажици растопен путер
- 1 лажица сол
- 1 пециво
- 1/2 лажичка сода
- 1/2 лимон
- 200 гр сланина
Инструкции за готвење
1 | Подготовка
Тестото треба да е меко. И ако ви се лепи со масло на рацете месете, не додавајте брашно.
Најдобро е, ако имате време, да го оставите тестото да одмори барем 30 минути.
Од оваа смеса направив 10 топчиња. Можете да ја преполовите дозата, а количината на сланината е исто по вкус.
2 | Печење
Кога беа готови ги оставив пола саат да “одморат”, па печени 40 мин на 180 степени. Првите 15 минути откриени, после со фолија покриени за да не изгори сланината.
На здравје!
Не е маратон, не е трка на кратки стази … вечно трчање е до подобра верзија од себе. До секое наредно “Браво” пред себе, до секоја воздишка пред спиење и “успеав и денес”.
Повеќе за мене