Овој леб секогаш ми излегува убаво, дури и кога не е ферментиран. Од што толку многу ми е вкусен, овој пат бев нетрпелива, па го исеков додека не беше скроз изладен. Дури и така е преубав.
Ова е леб каде што вкусот на хељдиното брашно не доминира толку многу, а многу убаво ја впива влажноста од ‘ржаното брашно.
Рецепт
- 2 чаши Ржано брашно
- 2 чаши Хељдино брашно
- 3 чаши Кисела вода
- 5 лажици Семе од чија
- 1 лажица Сусам
- 1 лажица Ленено семе
- 4 лажици Маслиново масло
- 1 лажичка Сол
ПОСЛЕ ФЕРМЕНТАЦИЈА
- 1 Прашок за пециво
- 1 лажичка Сода бикарбона
- 3 лажици Сок од лимон
Инструкции за готвење
1 | Подготовка
Сувите состојки ги мешате заедно. Постепено ги додавате 3 чаши кисела вода и со лажица мешате додека не се изедначи смесата.
Мерките се точни, и чашата е од 250 мл, но во зависност од брашното можеби ќе треба да прилагодите за плус 50 мл вода.
Кога ќе се измеша убаво се остава на собна температура 6-8 часа, покриено со ќеса или пластична фолија за свежо пакување.
2 | Ферментација и печење
Ги додавате сокот од лимон, пецивото и сода бикарбоната и 2-3 минути матите со миксер за да се соединат.
Со многу мокри раце или префрлате во калап за печење ( обложен со хартија ) или формирате леб.
Јас овој пат не ставив семки, наросив `ржано брашно.
Се пече еден час на 200°C и уште половина час на 180°C. Непокриен во не многу јака фурна.
На здравје!