Веганско/ Вегетеријанска вечера/ Вечера/ Готвиме вечера со/ Посна веганска вечера

Шпагети од тиквица со печурки

Шпагети од тиквица со печурки

Денес готвиме заедно со Тања Павловска која за вечера ни подготви “лажни” шпагети од тиквица, погодни и за ручек . Останатите рецепти на Тања можете да ги погледнете во групата Хроно исхрана на Facebook.

Рецепт

  • 1 парче Зелена тиквичка
  • 200 гр. Печурки
  • 1 чешне Лук
  • 1 лута Феферонка
  • Магдонос
  • Сусамово масло
  • Сол

Инструкции за готвење

1 | Подготовка на печурките

Шампињоните ги сецкаме и ги ставаме да се пржат неколку минути со малку ситно сецкано лукче на масло од сусам.

2 | Подготовка на шпагетите

Шпагети од тиквица може да направите со спирализер. Доколку немате спирализер, може да го искористите и лупачот за компири со кој може да добиете тенки ленти од тиквичка. Може да ги консумирате свежи или пак кратко да ги обарите.

Шпагетите посебно се мешаат со малку сол и масло. Ситно се сечка магдоносот и домашните лути феферончиња. Ги додаваме лукчето и печурките, магдоносот и лутите феферончиња, како би се споиле сите вкусови заедно.

Сподели

Слични содржини

Не постојат коментари

Оставете коментар