После многу месеци дружење со хељдиното брашно, имам многу варијации на тема леб од хељда. Ова е последниот рецепт кој моментално најчесто го правам. Можеби и најуспешниот на вкус.
Рецепт
- 1 кг Хељдино брашно
- 1 литар Кисела вода
- 6 лажици Семе од чија
- 3 лажици Сусам
- 1 лажица Ленено семе
- 4 лажици Маслиново масло
- 1 лажица Сол
ПОСЛЕ ФЕРМЕНТАЦИЈА
- 1 Прашок за пециво
- 1 лажичка Сода бикарбона
- 1/2 Лимон
- 2 лажици псилиум
Инструкции за готвење
1 | Мешање на состојките
Сувите состојки ги мешате заедно, освен состојките за после ферментација. Доколку не го ферментирате лебот, можете се заедно.
Во чаша го додавате маслото и дополнувате со кисела вода, па така ставате во брашното. Постепено ја додавате и киселата вода и мешате убаво додека не добиете хомогена смеса.
Со проѕирна фолија или кесе го покривате садот, и оставате на собна температура да ферментира 6 часа. Иако, времето на ферментација може да е пократко или подолго од 6 часа, но не повеќе од 12 часа на собна температура.
2 | Подготовка
После ферментирање ги додавате прашокот за пециво, лимонот, псилиумот ( кој не е задолжителен ) и сода бикарбоната. Матите со миксер околку една минута за најдобро да се соединат состојките.
Со мокри раце ја префрлате смесата во калап. Ставате семки по ваш избор и пак со многу мокри раце ги обликувате врз лебот, но внимавате да не притискате премногу.
3 | Печење
Печен е еден час на 200 степени и 15 минути на 180 степени. Но, печењето ќе мора да го прилагодите на рерната. Ако ви е многу силна, последните 15 минути може да го покриете со алуминиумска фолија.
Овој леб, како и сите други, ги завиткувате во крпа и го сечете кога убаво ќе се излади.
На здравје!
Не е маратон, не е трка на кратки стази … вечно трчање е до подобра верзија од себе. До секое наредно “Браво” пред себе, до секоја воздишка пред спиење и “успеав и денес”.
Повеќе за мене