Денес готвиме заедно со Снежана Јовановска која ни подготви пилешка фахита и гвакамоле. Останатите рецепти на Снежана можете да ги погледнете во групата Хроно исхрана на Facebook.
Рецепт
ЗА ФАХИТАТА
- 1 парче Пилешки стек
- 1 Зелена пиперка
- 1 Црвена пиперка
- 1 Жолта пиперка
- 1 Кромид
ЗАЧИНИ ЗА ФАХИТАТА
- малку Лук во прав (по вкус)
- малку Сушен кромид (по вкус)
- малку Чили (по вкус)
- малку Кумин (по вкус)
- малку Сол и бибер (по вкус)
ЗА ГВАКАМОЛЕТО
- 1 Авокадо
- сок од половина Лимон
- 1/2 Домат
- 1/4 Чили пиперка
- 1 Млад кромид
- малку Коријандер (по вкус)
- малку Сол (по вкус)
Инструкции за готвење
1 | Подготовка на фахитата
Парче стек околу 200-250 гр се сецка на ленти, му се додава мешавина од лук во прав, сушен кромид, чили, кумин, сол и малку бибер. Месото убаво се премачкува со мешавината од зачини и се остава да одстои најмалку 30 мин.
За тоа време се сецкаат по една црвена, зелена и жолта пиперка на ленти по должина. Се сече и еден кромид на ленти. На малку маслиново се пропржуват пиперките, не треба да се препржени, туку да бидат малку крцкави. Се тргаат на страна и во истото тавче се пропржува кромидот се додека не стане стаклест.
Во малку маслиново се пржи и исецканиот пилешки стек. Се заедно се меша и се сервира.
2 |Подготовка на гвакамолето
На узреаното авокадо му се чисти лушпата и семката, се попрскува со сол и сок од половина лимон или лајм и се пасира со вилушка. Ситно се сецка 1/4 пиперка, 1/4 домат (семките треба да се одстранети) и едно младо кромидче или 1/8 кромид.
Ова се меса убаво и се додава пасираното авокадо. Се додава сол и малку сецкано силантро, по желба може и малку лута пиперка.
Некои ставаат и лук во гвакамолето, ама мене ми е поубаво без лук.