Денес готвиме заедно со Валерија Петрушева која ни подготви поздрава верзија на еден традиционален ручек. Останатите рецепти на Валерија можете да ги погледнете во групата Хроно исхрана на Facebook.
Рецепт
ЗА ПЛЕСКАВИЦИТЕ
- 250 гр. Мелено свинско месо
- 1/2 Домат
- 1/2 Кромид
- Магдонос
- Копар
- Чубрика
- Сол и бибер
ЗА ПИРЕТО
- 200 гр. Карфиол
- 1 мала лажичка Путер
- Сол
Инструкции за готвење
1 | Подготовка на плескавиците
Месото го замесуваме со ситно сецкани кромид и домат. Ги додаваме солта, биберот, буковецот, чубриката, копарот, сецканиот свеж магдонос и една лажичка маслиново масло. Смесата повторно ја мешаме со зачините и ја оставаме во фрижидер да ги впие сите ароми. Ги обликуваме плескавиците и ги печеме на грил тава.
2 | Подготовка на пирето
Измиениот и исецкан карфиол го ставаме да се вари околу 5 минути. Така сварен и исцеден се блендира со малку сол и лажичка путер. Може да користите и зачини по сопствен вкус.