Една идеја за полнети пиперки, во овој случај со праз и свинско мелено месо.
Рецепт
- 500 гр Мелено свинско месо
- 8 Пиперки
- 3 стракови Праз
- 1 Домат
- 150-200 мл Вода
- 1 лажица Масло од семки од грозје
- по вкус Магдонос
- по вкус Сол и бибер
- 1 лажичка Црвен пипер ( зачин )
Инструкции за готвење
1 | Подготовка
Празот се сецка на ситно и се пржи на средна температура. Кога ќе омекне доволно, се додава меленото месо и се пржат заедно. На крај, на исклучена рингла го додавате сецканиот домат и зачините. Мешате за да се соединат состојките.
2 | Полнење и печење
За оваа количина ќе ви бидат потребни 8 пиперки со средна големина.
Ги полните и затворате со рачките или со парче домат.
Во садот ја додавате водата и го покривате со алуминиумска фолија. Во загреана рерна на 250 степени, печете околу 30 минути. Ја тргате фолијата и печете уште 20-30 минути.
На здравје!
Не е маратон, не е трка на кратки стази … вечно трчање е до подобра верзија од себе. До секое наредно “Браво” пред себе, до секоја воздишка пред спиење и “успеав и денес”.
Повеќе за мене