Вегански ручек/ Веганско/ Вегетеријански ручек/ Ручек

Мексиканска салата

Мексиканска салата

Рецепт

  • 200 гр мешан Грав
  • 50 гр Зелена салата (Црвена зелка, Марула,  Спанаќ, Рукола)
  • 1/2 Авокадо
  • 50 гр. Шери домати
  • 1/4 Свежа краставица
  • 1 Млад кромид (без перцата)
  • 1/2 Халапењо пиперка
  • 3-4 Маслинки
  • 1 лажица Маслиново масло
  • 1 мала лажичка Сусамово масло
  • Лимонов сок

ЗАЧИНИ

  • Сол
  • Сушен лук
  • Оригано
  • Сушен Босилек
  • Чадена сува пиперка

Инструкции за готвење

1 | Подготовка на зелената салата

Најпрво зелената салата треба убаво да ја измиеме и исушиме. Црвената зелка и марулата ги сечеме на поголеми парчиња на кои ги додаваме спанаќот и руколата.

Шери доматите и свежата краставица ги сецкаме на помали парчиња. Халапењото и младиот кромид ги сецкаме на ситни парчиња. Сите овие состојки ги посолуваме и го додаваме маслиновото масло и убаво ја мешаме салатата.

2 | Подготовка на авокадото

Половина авокадо го посолуваме и полеваме со сусамовото масло и со вилушка ги пасираме сите состојки. На крај го додаваме врз салатата заедно со маслинките.

Сподели

Слични содржини

Не постојат коментари

Оставете коментар