Ова е основна рецепта за лиснати кроасани е најлесна за комбинирање, инаку по ваша желба можете да ги полните со секаков фил кој е дозволен во хроно. Бара трпение и време ама вреди затоа што освојува со вкусот.
Рецепт
ЗА ТЕСТОТО
- 600 грама Ржано брашно
- 400 грама Спелтино брашно
- 700-750 мл Топла вода
- 2 Прашок за пециво
- 1 лажица Химелајска сол
ЗА ПРЕМАЧКУВАЊЕ
Инструкции за готвење
1 | Подготовка на тестото
Од зададените состојки месите тесто кое нема хомогена структура. Но, се остава околу 30-45 минути да одмори, за брашното да ја впие водата и на следното месење веќе ќе имате многу покомпактна смеса. Доколку имате псилиум може да ставите една лажичка, така ќе добиете помека структура.
Путерот треба да е на собна температура за да омекне пред да почнете со сукање и да е поделен на 13 парчиња
Кога ќе одмори и ќе го премесите тестото, се дели на 14 топчиња. Треба да се приближно иста големина.
Од секое топче сукате мала кора, а останатите треба да ви бидат покриени за да не се исушат. Доколку ви е полесно можете да ги сукате на пластична фолија или на нелеплива површина. Користите малку масло, така полесно се сукаат, никако брашно.
Секоја кора се премачкува со путер, дали со нож или со прсти, како вам ви е полесно, најважно е целата кора да е премачкана.
Сите кори се редат една врз друга, а на последната не се става путер
2 | Формирање на кроасаните
Тестото се покрива убаво со ќеса и се остава во фрижидер околу 2 часа.
Кога ќе одмори, се сукаат сите кори во една голема. Само треба внимателно и полека за да не излезе путерот од тестото.
Се сече на 16 парчиња за кроасани од средна големина и се виткаат.
3 | Печење
Кога се завршуваат кроасаните, тогаш фурната се вклучува на 220 степени. И многу е важно да е убаво загреана кога се ставаат да се печат, затоа што така поубаво се разлистуваат.
Кога ќе се стават на печење, веднаш се намалува температурата на 200 степени и се печат околу 40-45 минути. А доколку фурната ви е многу јака, можете и на 180 степени.
Испечените кроасани се ставаат во крпа барем половина час и потоа во ќеса.
На здравје!
Не е маратон, не е трка на кратки стази … вечно трчање е до подобра верзија од себе. До секое наредно “Браво” пред себе, до секоја воздишка пред спиење и “успеав и денес”.
Повеќе за мене