Мојот хроно дневник/ Сé за Хроно

Потребен е само чекор, фатете ме за рака!

Мојот-хроно-дневник-со-Лиле-Славевска

изгубени килограми: -27 кг, со долги стагнации и нула физичка активност!
во период од: 13 месеци сите во рестрикција

Од нова година наваму пак ни за грамче надолу не ме израдува вагата, но драги мои хронери се е тоа занемарливо во споредба со чуството на среќа што најпосле чекорам по вистинскиот пат, пат полн со смиреност, насмевка, задоволство, здравје.

Мислев како да ја почнам својата хроно приказна, што да кажам што веќе не е кажано. Верувам дека повеќето имаме слични приказни и сигирно затоа и се разбираме така добро, се подржуваме и радуваме заедно на сечиј успех и среќа.

Мојот живот пред хроно

Имам 52 години и мојата борбата со вишокот килограми е долга и ни малку лесна. Иако верувам дека кај секого е исто, најтешката битка за мене секогаш е психичката, битка во која најпрво ја убедувам психата дека морам, сакам и можам да се придржувам на секакви правила, одрекувања и се што ќе ми помогни да извојувам победа над килограмите….

Растев многу слаба, речиси анорексична. На свои 24 години, спонтан… прва хормонска терапија и во еден месец 15 кг. вишок и веќе немаше назад! Една терапија – друга, едно ин витро- друго, трето…. и килограмите се лепеа и лепеа и се залепија дури 130! Не сум сигурна, можеби беа повеќе, незнам, не се вагав, се плашев од вагата како од ѓавол се додека еден ден докторот од Белград не ми рече: “Со тебе е се во ред, само ослаби и ќе успееме, сигурно ќе станеш мајка”.

Под будно око на една наша позната нутриционистка за 7 месеци ослабев 47 кг. но не, не се заљубив во тој начин на исхрана. Само вољата и целта што ја имав ми дадоа сила да издржам тие 7 месеци. Прво што направив, кога прекинав со УН , истиот ден – јадев бурек! ????

Не станав мајка, ми почина докторот само што ја почнавме припремата… па брзо-брзо морав да најдам лекар кој ќе го продолжи започнатото. Не би именувала и обвинувала но тој “лекар “ми го промени животот скроз…Дали само хормоните подивеа во мене или цела јас, не важно но килограмите трчајќи почнаа повторно да ми се смеат право в лице. Повторно нова битка, овој пат да ги задржам да не одлетаат во неповрат мојот повеќемесечен труд.

Девојки, ако не бев на некаква диета или не се хранев по УН, се поправав и по кило – две неделно! Која фрустрација! Јадиш само овошје до ручек, ручек без леб, вечера или ништо или салата, и секој ден си подебела и подебела.

Нутриционистката ме “тешеше” дека јас имам метаболна болест и дека спаѓам во 2% на луѓе кои не се дебели од количината на храната туку од видот на храната, ама мене тоа не ми беше утеха, фрустрирачки е кога килограмите неуморно галопираат нагоре.

Па се случи живот, една операција,(жолчка) уште една, (тироидна жлезда), па уште една за година дена,(јајници и матка), па коските почнаа да се бунтуваат во недостаток на тоа што им беше потребно се додека еден ден скроз не ми откажаа љубов. А како и не би кога несвесно сум се вратила на 132.

Мојата средба со хроно

Бев на физикална кога едвам со држење за ѕид не стигнав до докторката која уплашена веднаш побара штака, ме седна и ми рече: “Или ќе симнеш 30-40 килограми или одиш на операција веднаш.” Но како, каде? – прашав

Тогаш од неа за првпат слушнав дека во Скопје постои Центар за внатрешни болести со франшиза од др. Гифинг, во кој со помош на хроно начин на исхрана, преку тест за интолеранција на храна, ин боди анализа, комплетни крвни анализи и прегледи, дипломирани нитриционисти составуваат хроно мени со кое сигурно ќе се реши мојот проблем.

Сите ние имаме добри вили, мојата ја викам Маки, мојата колешка Маргита која утрото на работа само што и прераскажав што ми се случи, најде на Интернет, го заврти бројот и ми ја подаде слушалката да закажам термин.

Беше Св.Трипун и Св. Валентајн, 14 февруари 2017, беше ден на љубовта и виното кога јас се опив со мојата нова љубов – хроно начинот на исхрана. Ин боди анализаторот ми покажа резултати – боли глава, тестот на интолеранција ми откри нетолерантност на скоро 80% зеленчук, исто толку и на овошје, меѓу кои и на лимонот а без доболен внес на зеленчук и без алкализација со лимон наутро и тоа како се оспорува слабеењето.

Колешките од работа повторно беа тука за да ми помогнат и упатат на групата на Facebook од која можи мноогу да се научи…и така ве најдов Вас, најдов сé, сé што ми беше потребно за да почнам. Ја прочитав “Мала школа на физиологија” од докторката Гифинг, прочитав се што беше овде постирано, сите правила.

Мојот хроно дневник со Лиле Славевска - Трансформации

Мојот хроно дневник со Лиле Славевска – Трансформации

Влегувајќи во некој потполно за мене непознат свет, наивно прашував се, но јас ја имав таа среќа тука да се Вики, Фани, Маја, Соња, Сања, Вал, Маги, Марија …. спремни во секое време да одговорат на секое прашање, да те упатат и посоветуваат правилно и како, и што, и кога…. Признавам дека многу научив од нив и бескрајно сум им благодарна.

Јас сеуште одам на контроли зошто сакам лекар да ми каже кој суплемент или лек треба и можам да го комбинирам со ова и она… но што се однесува до исхраната тука се моите јунакињи, тука се моите паталци, достапни 24-7, личности кои знаат добро што е мака, знаат што значи постојана борба со себе, со желбата да бидеш нормален човек, да јадиш што сакаш, да не бегаш кога другите јадат, да не се проколнуваш што си го лижнала прстот кога спремаш превкусен фил за торта…

На 27 февруари го славев својот прв хронденден со многу насмевка и спокој, сигурна за патот по кој одам, со многу подобро здравје а со многу помали стресови. Ланскиот 27-ми февруари беше прв ден од велигденскиот пост кога и почна мојата хроно авантира со посна рестрикција.

За тие 7 недели во пост ослабев 13 килограми. На Велигден го прекинав постот и продолжив со мрсна рестрикција и тогаш за прв пат се соочив со долга стагнација. Нутриционистката ми велеше дека е тоа нормално и дека мрсната храна е нов шок за организмот и дека му е потребно прилагодување на новата исхрана.

И така би! По месец и нешто повторно почнав да губам и во сантиметри и во килограми и се до летниот одмор. Знаев дека нема да сум во можност да ги испочитувам правилата. Постарите членки во групата знаат а тие кои не прочитале пријавувам плус 5 кг. за само 7-8 дена колку траеше “нормалната исхрана”. Доручекот ми беше прилагодено хроно, ручав без леб и да, имав ужини од баклава и кадаиф и сладолед……. па човек сум нели? Јас мислам не претерав за да вратам баш 5 кг., ама телото не кажа така!  Утрото кога се вратив дома сварив просо и ми се врати мирот, редот, среќата. Првата недела ги исфрлив 4-те кг. вишок, ама тоа едно ме изнамачи поштено.

И се така мили мои, паѓам-станвам ама не се откажувам зошто сега ја водам највкусната борба во мојот живот и воопшто не се плашам дека ќе завршам во првата бурекџилница, зошто правам подобар хроно бурек од најдобриот бурекџија, подобра пица од најдобриот пица мајстор. Не сум дорасната уште да се споредувам со најдобрите слаткари но ќе пораснам – ветувам!

Сега сум повторно во посна рестрикција. Првата недела се качив дури кило и пол, втората ги симнав но и по три недели не слегов под моите – 27 моево тело пак сака прво да се прилагоди ????
Признавам дека е многу полесно кога сите дома се на хроно, кога не мора за двајца луѓе да се подготвуваат два различни оброка. Затоа бескрајно сум му благодарна и на својот сопруг кој, иако немаше некоја голема потреба, барем што се однесува до килограмите, од првиот ден до денес ме следи во чекор, си ги врати во нормала вредностите на шеќерот, ослабе 6 килограми и сега ги одржува вон рестрикција.

Потребен е само чекор, фатете ме за рака! Забавно е! Вкусно е! Лесно е! Заедно сме најсилни!

Многу мои пријателки ми се восхитуваат на упорноста и велата дека тие не можат да се хранат хроно. Не можеле без овошје, не можеле без благо, не можеле да прилагодат термини…. Јас тврдам дека секој може се, потребна е само вистинска желба, вистински мотив и доволно љубов кон себе си. Не би сакала никој да почне да прави нешто за себе дури тогаш кога ќе му се наруши здравјето до толку да мора да спасува што може да се спаси.

Докажано е дека храната е и болест и лек. Јас го најдов својот лек. Хроното е мојот лек, моето задоволство, мојата среќа, мојата насмевка мојот пат. Животот не ми дава веќе можности сеуште да си играм со себе, но јас веќе ни сакам ни барам, јас овде се пронајдов себе!
Секој одлучува за својот живот а јас поучена од мојот, не пропуштам прилика секому да му го понудам патот по кој одам.

Ако овој мој текст поттикне макар само еден човек да тргни со мене, јас ќе сум посреќна и од што сум.

Дел од моето хроно мени

[supsystic-gallery id=35 position=center]

Други корисни линкови:

Сподели

Слични содржини

Не постојат коментари

Оставете коментар