Мојот хроно дневник/ Сé за Хроно

Белите шеќери  и белото брашно не ви се потребни, тие тивко ве убиваат

Мојот-хроно-дневник-со-Кристина-Божиновска

изгубени килограми: -12 кг и -25 см во обем на половина (од 94 на 69 см)
во период од: речиси една година од кои 4 месеци рестрикција, потоа 4 месеци вонрестрикција и наредните 4 некоја комбинација, де во рестрикција – де вон

Откако знам за себе, сум девојче, потоа девојка со вишок килограми. Никогаш не биле премногу, но доволно за да влијаат на намалената самодоверба. Најмногу ме повредуваа систематските прегледи на кои стоеше описот ”елегантно пополнета.” Оттогаш, па наваму, тој опис ме “вади од кожа”.

Не постои диета што ја немам испробано

A, откако знам за себе, сум на диета. Не постои диета што ја немам испробано. Од брзине диети со јојо ефект, симни 8, качи 10 кг. Може со гаранција  да се каже дека пола живот сум на диета, кои почнаа некаде кога бев во средно училиште. Три месеци на диета…во тие три месеци мислиш што ќе јадеш кога ќе ја завршиш диетата.

Најслаба бев околу 62кг, некаде на 20 години кога се појавив на роденден кај една другарка со која се немав видено неколку месеци и коментарите беа ептен позитивни. Убаво беше да се чувствуваш дека припаѓаш некаде. Но, и тоа траеше кратко. Враќање на старите навики и враќање на килограмите. Во тој момент се помирив дека цел живот ќе бидам на диета. Им се восхитував на другарките кои јадат се, а имаат совршена линија (уште не ми е јасно како е тоа можно :)))) И така јас, најголем дел од животот на УН диета, секој 29 ден воден ден, ама сосема добро се држев. Карактер човек сум, па се убедував себе си дека можам да издржам без храна цел ден, колешката ми збореше да пијам течности, ме жалеше повеќе отколку што се жалев себе си.

Кога ќе ми текне на изразот на нејзиното лице, душата ми се кине…и тогаш пред крај на 2016, случајно некаде на Facebook, мислам дека првично беше српската група, се појави хроно исхраната. Ништо не ми беше јасно, гледав слики со полни чинии храна, некои комбинации со кои слабееш, јадења во определен период во денот…ама одма ја згасив идејата, бидејќи  нормално, мојот коментар беше “Јас толку да јадам,  кој знае колку ќе се здебелам, не е точно ова, реклама, пропаганда, што и да е…и толку беше, ниту се зачленив во групата, ниту сакав да слушнам нешто повеќе. Си ја терав УН диета, беше период на завршни пресметки, наутро јадев овошје, на ручек веќе не ни памтам што-месо, или леќа, навечер пола од количината.Секој четврт ден беше овошје = самоубиство.:)

Во меѓувреме, колешка моја, Билјана, почна со хроно, она ми беше  мотивот да почнам  и јас. После само месец дена, веднаш се забележуваше разлика кај неа. И реков “Да помине периодов, после 15 март и јас ќе ти се придружам. Во тој момент, уште не бев убедена дека мене ќе ми делува овој начин на исхрана. Кулминацијата се случи кога застанав на вага и видов 76 кг, а, два месеци бев на УН. Не само што не бев ослабена, туку и здебелена некои си 5-6кг. Знам личности на кои не им делувала диетава, ама да се здебелат, е такви не познавам. :)) Тука добив таканаречена “спојка”. Веднаш се сетив на хроно-то, бидејќи само тоа го немав испробано и веднаш станав член првично на српската, а потоа и на македонската група, благодарение на Фани, која ја познавам одамна, ама тогаш забележав дека постојано постира нешто во “Хроно Исхрана” . Она ми беше инспирација.:)

Се сеќавам беше недела, пред  речиси една година, кога и реков на мајка ми: “Денес заедно ќе пазаруваме”. И она беше скептична кога и објаснив за што станува збор и нормално нејзиниот коментар беше: Аман, пак ли на диета?”.  Ама, една ќерка на мајка,  му поверува на мојот инстинкт  и покрај тоа што не и беше логичен првично појадокот, па и трите оброци во денот.

На 20-ти Март 2017 почна хроно предизвикот. Не знам дали треба да го наречам предизвик, бидејќи за мене слабеењето, никогаш не било полесно. Придржувајќи се до правилата, следејќи ги успешнте хроно приказни на Маца, Вики, Фани…и еден куп други членови, за 4 месеци симнав околу 12 кг и  оттгогаш па наваму, успешно си ја одржувам килажата, околу 64 кг. Неколку  месеци  вонрестрикција, моментално во рестрикција, за да стигнам до посакуваните 60кг. Ама изгледа ќе треба малку физичка активност и да се испоти задникот, последниот вишок најтешко се симнува.

Мојот хроно дневник - Кристина Божиновска - Трансформации

Мојот хроно дневник – Кристина Божиновска – Трансформации

Најбитниот момент е да се сфати дека ова не е диета со која ќе ослабнеш, па да се вратиш на старите навики. Си бара конзистентност. Затоа постои вонрестрикцијата. Кога ќе ја постигнеш саканата тежина, од рестрикција, преминуваш вонрестрикција, во која конзумираш овошје, чоколадо, се што сакаш, ама во определен период од денот и во разумни количини. На почетокот и јас гледав на хроното како на диета, но како поминуваа месеците, скроз ми се смени и менталниот склоп. Во моментите на криза, голтам вода, ја отварам табeлата со симнати сантиметри  и читам успешни хроно приказни. 🙂

Белите шеќери  и белото брашно, не Ви се потребни, тие тивко ве убиваат, а не сте ниту свесни за тоа.

Во поглед на здравствената  состојба, кај мене отсекогаш се било во ред, повеќе бил естетскиот изглед пресуден, но после речиси година, можам да се пофалам со идеална крвна слика. Тука придонес си има и црвеното вино.:)))))))

Многу сантиметри симнати во обем и кога вагата стагнира, тоа не е случај со сантиметрото, цели 25 см, искрено не ми се верува каде отидоа, одлично се чувствувам, хроно  исхраната ми е дел од секојдневието, доколу порано не можев да си замислам денот да ми започе без кафе, сега денот не може да ми почне без појадок. Не знаев кај е кујната, што не е за  фалење, ама таа е реалноста, сега сама правам леб и разни варијации како замена за леб. А, како да не си правам, кога 38-ца конфекциски број веќе голем почна да ми станува. :)))

Бескрајно сум и благодарна на мојата мајка, без неа ништо од ова немаше да биде можно. Ја цитирам ” Многу си ми чудна слаба, не можам  да те навикнам, преполовена си”. Го коментира ова често и продолжува да ме поддржува на секој можен начин. Од друга страна, сега ептен личам на неа, претходно бев убедена дека сум посвоена”. 

Убаво е чуството кога знаеш дека припаѓаш некаде

Вики, знаеш колку те сакам и почитувам, ти си ми пример , ти благодарам за моето сурогат семејство. Фани, Маца, Даци, Маги, уште една Маца, Маја, Вал и секој член што направил нешто добро за себе, прекрасни сте, надворешно и внатрешно, продолжете да бидете инспирација за сите нас, Ви се восхитувам. Како и сите членови кои несебично се вложувате, само за да помогнете без нешто да очекувате за возврат. И мило ми е што Ве познавам, побогата сум за неколку прекрасни пријатели.

На сите вас, не само на оние кои имаат вишок килограми, ќе Ви препорачам да го испробате овој начин на исхрана и да ги почувствувате на своја кожа придобивките. 

Од оваа гледна точка, само со нож на грло, би се вратила на овошјето наутро. Па, ниту тогаш. ; ) Убаво е да се јаде и да се слабее, убаво да се чувствуваш во сопствената кожа и да се радуваш на своите, а уште повеќе на туѓите успеси.

Дел од моето хроно мени

[supsystic-gallery id=34 position=center]

Други корисни линкови:

Сподели

Слични содржини

Не постојат коментари

Оставете коментар