Генерални правила
- скробен зеленчук е дозволен неколку пати во неделата во ова мени скробните ручеци се застапени 3 пати неделно.
- цело зрно житарки се дозволени 2 пати во неделата
препорака за припрема на кашите од цело зрно житарка: oд вечер потопете ги житарките во ладна вода со малку морска сол (однос 1:3 те. една шолја житарки, 3 шолји вода), ставете да се варат и откако ќе почнат да вријат оставете ги уште 3-4 минути. Потоа тргнете ги од ринглата и покријте ги со капак да отстојат во текот на ноќта. Утрото доколку имаат вишок течност, процедете ја житарката.
Појадок
1.1 Хроно леб, хумус и домат
за подготовка на хумусот е потребно 200 грама наут, 1 лажица тахини, 3 лажици од течноста на наутот, лук и сок од половина лимон. Сите состојки се блендираат заедно.
1.2 Мафини со праз и малиџано
1.3 Каша од овес со динстан спанаќ и пропржен кромид
1.4 Каша од просо со домат, авокадо и магданос
1.5 Уштипци со Соњин намаз и маслинки
за подготовката на намазот е потребно: 2 печени пиперки, 1 мал печен црн домат, 50 гр. мелени бадеми, сенф, лук, сол и зачини по избор. Сите состојки се блендираат заедно.
1.6 Пита од хељдини кори со кисела зелка
1.7 Проја со праз
1 шоља р’жано брашно, 1 шоља јачменово брашно, 1 пециво, 3 шољи кисела вода, 2 лажици масло, 2 страка праз, сончоглед, сусам и сол. Печење 40 мин. на 200 степени.
1.8 Каша од хељда со пропржен праз и семки по избор
1.9 Хроно леб со намаз баба Гануш и маслинки
за подготовка на намазот е потребно: 1 поголем модар патлиџан, 1/2 лимонов сок, 1 чешне лук, 1 лажица тахини (таан), сол, ким, рузмарин и шафран. Сите состојки се блендираат заедно.
1.10 Потпечен јачмен со тиквица, домат и кромид
приготвениот јачмен се додава на веќе пропржениот зеленчук и се заедно се потпечува во рерна
1.11 Хроно леб со намаз од печурки и свеж зеленчук по избор
динстани печурки со лук и бибер се блендираат и се додава малку сок од лимон и магданос
1.12 Мафини со сушени домати и ајвар
1.13 Палачинки и хумус со авокадо
за подготовка на хумусот е потребно: 200 грама наут, 1 лажица тахини, 3 лажици масло, 3 лажици од течноста на наутот, сок од половина лимон, едно авокадо. Сите состојки се блендираат заедно
1.14 Проја со спанаќ
1 шоља р’жано брашно, 1 шоља јачменово брашно, 1 пециво, 3 шољи кисела вода, 2 лажици масло, спанаќ, сончоглед, сусам и сол. Печење 40 мин. на 200 степени
1.15 Каша од амарант со пропржен праз и семки по избор
1.16 Хроно леб и хумус со печени црвени пиперки
за подготовка на хумусот е потребно: 200 грама наут, 1 лажица тахини, 3 лажици од течноста на наутот, сок од половина лимон, лук и една печена црвена пиперка. Сите состојки се блендираат заедно
1.17 Потпечен овес со доматно пире, оригано и сусам
приготвениот овес се потпекува со доматното пире, ориганото и претходно потпечениот сусам
1.18 Хроно леб со намаз Гвакамоле
за намазот е потребно: половина испасирано авокадо, ситно сецкани кромид, црвена пиперка и домат, сол и бибер
1.19 Палачинки со намаз од маслинки
за подготовка на намазот се потребни црни маслинки, домат, магданос бибер и оригано. Сите состојки се блендираат заедно
1.20 Проја со спанаќ
1 шоља р’жано брашно, 1 шоља јачменово брашно, 1 пециво, 3 шољи кисела вода, 2 лажици масло, спанаќ, сончоглед, сусам и сол. Печење 40 мин. на 200 степени
1.21 Пита од хељдини кори со печурки
за филот од печурки е потребно: печурките треба да бидат издинстани на малку масло со бибер и лук а подоцна иситнети на помалку парчиња
Ручек
2.1 Протеинска салата со црвен грав и блитва
2.2 Веганска мусака од модри домати со печурки
2.4 Рижото со куркума и босилок
2.4 Чорба од грашок со свежа салата по избор
2.5 Бел грав со суви пиперки и свежа салата по избор
2.6 Полнети пиперки со праз и доматно пире
пиперките се полнат со веќе динстаниот праз и се преливаат со доматно пире пред да печат
2.7 Полнети тиквички со печурки со свежа салата по избор
печурките се динстаат со лук, сол и бибер. Тиквичките се сечат на половина и се длаби средината. Издлабената тиквичка ја додаваме во печурките и пропржуваме додека не испари течноста. Потоа ги полниме тиквичките и ги потпекуваме во рерна.2.8 Обарена зелена боранија со грилован зеленчук по избор
2.9 Спанаќ со авокадо и брокула со свежа салата од цвекло и морков
2.10 Грилувани печурки и тиквички со лук
2.11 Зелка манџа со сушени домати и суви пиперки и свежа салата по избор
2.12 Свежа зелена салата со 50гр. непечен и несолен лешник
2.13 Викенд пица киноа
за подготовка на тестото е потребно: 100 гр.киснета киноа одвечер ја блендирам со малку вода, сол и една лажица прашок за пециво, ја сипувам на измрсена хартија за печење и печев 15 минути па ја превртев од другата страна уште 10 минути, после тоа намачкав со домашен сос од патлиџан, рендана моцарела, домашна печеница, оригано и запеков уште малку. Тестото премачкајте го со доматен сос а за топинг можете да користите печурки, свеж домат, пиперка, кромид и маслинки
2.14 Сарма со карфиол и праз со свежа салата по избор
2.15 Кофтиња од леќа со свежа салата од домат, кромид и магдонос
за подготовка на ќофтињата е потребно: леќата треба да седи потопена во вода 6 часа а потоа да се сомеле во блендер. На таа смеса се додава магдонос, лук, сол и бибер. Од смесата се формираат ќофтиња и се редат на пекарска хартија. Така подготвени се печат во рерна.
2.16 Салата од киноа и свеж зеленчук по избор
2.17 Кус-кус со зеленчук
за подготовка на кускусот е потребно: 1 шолја од 200мл. кус-кус се попарува со 200мл. зовриена вода00 мл. Се покрива со капак и така треба да остои некое време додека не се впие водата. Зеленчукот се сецка, посолува и се пече. Се меша се заедно и се додава малку сок од лимон и зачини по желба.
2.18 Подварок со црвени суви пиперки и сушени домати и свежа салата од роквица
2.19 Свежа зелена салата со 50гр. непечен и несолен бадем
2.20 Македонска пица
за подготовка на тестото е потребно: 1 помала главица карфиол се дели на цветови се мие убаво и се ситни во сецко. Се зачинува и се пропржува на малку маслиново со затворен капак (2-3 мин., да го фати топлото). Се лади и се замесува. Cе премачкув со доматно пире а топингот може да биде составен од печурки, сушени домати, свежа пиперка, кромид и маслинки
2.21 Полнети пиперки со грав
пиперките се полнат со веќе сварениот грав и се преливаат со доматно пире пред да печат
Вечера
3.1 Шпагети од тиквица со печурки
3.2 Салата со шампињони
3.3 Крем супа од брокула и карфиол
3.4 Талијатели од морков со спанаќ, брокула и прокељ
3.5 Свежа зелка салата со морков и авокадо
3.6 Грилован зеленчук
брокула, прокељ, тиквица и лук
3.7 Пица со тесто од карфиол
за подготовка на тестото е потребно: 1 помала главица карфиол се дели на цветови се мие убаво и се ситни во сецко. Се зачинува и се пропржува на малку маслиново со затворен капак (2-3 мин., да го фати топлото). Се лади и се замесува. Cе премачкувa со доматно пире а топингот може да биде составен од пиперка, кромид и маслинки
3.8 Крем супа од тиквица и праз
3.9 Стапчиња од свеж морков со сос
печена тиквица, печена црвена пиперка, лук, сок од лимон, сол и бибер
3.10 Талијатели од тиквичка со зеленчук
тиквичката се сече на ленти и се динста со лук и бибер. Се пропржува кратко на сува тава црвена, жолта и зелена пиперкаи се додаваат печурките. Сервираното јадење се наросува со млад кромид и сецкани зелени маслинки
3.11 Свежа зелка салата со обарена брокула и прокељ
3.12 Мици пици од карфиол
3.13 Грилован зеленчук со пире од карфиол
брокула, прокељ, тиквица и лук
3.14 Свежа салата по избор со два зеленчука со сусамово масло
3.15 Крем супа од карфиол
3.16 Свежа салата од зелка со карфиол, кромид и маслинки
3.17 Крем супа од келераба
3.18 Печени тиквици со лук и магдонос
3.19 Свежа салата по избор со два зеленчука
3.20 Грилован зеленчук
брокула, прокељ, тиквица и лук
3.21 Гриловани печурки со спанаќ
Други корисни линкови: