Мојот хроно дневник/ Сé за Хроно

Поддршката од блиските е половина пат до успехот

Мојот-хроно-дневник-Марија-Рашајковска

Хроно дневник

на хронерот: Марија Рашајковска (личен facebook профил)
изгубени килограми: -40кг
во период: скоро 13 месеци, од кои 7 месеци во рестрикција, останатите надвор од рестрикција

Проблеми со тежината сум имала од кога знам за себе, освен во периодот кога бев бебе и не сум сакала да јадам ништо, па морале да ме бркаат со храната за да ме наранат. Иако сум имала вишок на килограми никогаш не ми сметале да се занимавам со спорт. Дури и активно се занимав еден период со кошарка, а исто така и рекреативно сум играла тенис, пинг-понг (имам освоено и второ место на училишни натпревари).

Борбата со килограмите беше како рингишпил , час горе – час долу

Моите килограми никогаш не претставувале проблем за мене, дури и не сум изгледала ни така лошо во своите очи, ниту пак во очите на другите. Напротив кога ќе сум изгубела некој килограм, сите ме прашувале дали сум ОК. Изгледа кај нас важи тоа правило, ако си малку дебеличок и изгубиш некој килограм,  нешто не е во ред.

Меѓутоа со тек на годините тие килограми почнаа да ми сметаат. Сум држела илјадници диети, некои со успех – некои не. Сум одела и кај разни нутриционисти, но резултатот секогаш бил ист, изгубените килограми сум ги враќала со многу голема брзина и со уште некој килограм плус од она изгубеното.

Највеќе килограми сум изгубила пред 20 години, но од здравствени причини и веројатно од нарушен метаболизам. По опоравувањето од операцијата се вратија сите изгубени килограми и тоа во огромни размери. Тежината ми варираше од највисока до најдолна граница, се до пред две години кога наместо надолу тие почнаа да одат само во нагорна линија. Вината беше во мене, од начинот на живот. Јас од секогаш сум била љубител на благо и на благо не можам да одолеам. За жал тој проблем го имам и денес, но сега научив да го контролирам.

Подгответе се добро со информации и мотивација

Пред година и нешто, кога веќе беше стигната границата на мојата најголема килажа што сум ја имала, слyчајно налетав на постови за хроно исхрана. Почнав на некој начин да се интересирам за овој начин на исхрана. На почеток бев малку збунета, си викав како без овошје, како без сирења, кашкавали, компири, пици…Трансформации - Марија РашајковскаТрансформации – Марија Рашајковска

Пресудно да почнам со хроно исхраната беше мотивацијата која ја имав во тој период од мојот живот и која се уште ја имам. Ако човек има доволна мотивација за да постигне нешто во животот и да има нешто што му значи повеќе од се, тогаш се е можно. Најпрво долго читав и тој понеделник 3ти октомври 2016 година беше почеток на мојата нова авантура, наречена хроно исхрана. Се сеќавам кога на мајка ми и кажав, од понеделник сум на хроно и ќе ослабам до Велигден 20 кг. Се спремив со табели, продукти за исхраната и почнав.

Поддршката од семејството ми беше најважна

Најголема поддршка имав од моето семејство, особено од мојата мајка која во целост го смени начинот на приготвување на храната и ги приготвуваше моите оброци. Дури и самата таа се хранеше на овој начин, се интересираше и читаше за основните правила, па сега е поголем експерт и од мене. Кога ќе ја сретне некој и ќе праша како Марија толку ослабна, таа почнува да им објаснува за хроно правилата.

Како интересен момент можам да го издвојам моментот кога мојот помал внук во една прилика ми рече “Тето, ти ми си тетка и јас секако те сакам ама сега некако си друга, јас вака не те познавам, сега ми е како да имам нова тетка”.

Од кога сум на хроно во нашата кујна повеќе не се користи Вегета и останатите забренети продукти. Целата фамилија се навикна на тоа, салатата кога сме на заеднички ручек да се јаде без балсамико и десертите да се прилагодени на хроно.

Поддршката од сите е добродојдена, но најважна е од оние со кои сте во заедница, со кои го делите најголемото време во текот на денот. И не е ништо страшно ако на своите најмили некогаш им сугерирате да направат некоја промена во својот живот, за нивниот живот да стане подобар, односно пред се за нивното здравје. За некогаш да не биде касно и да си речеме сами на себе, можда можевме да смениме нешто.

Трансформации - Марија Рашајковска

Трансформации – Марија Рашајковска

Резултатите се зачудувачки

Првите резултати беа видливи одма на почетокот, веројатно тоа се случува кај сите со поголема тежина. Јас дури и не бев свесна за мојот нов изглед, дури случајно не се видов на една слика каде ме имаше сликано мојот внук. Долго ја гледав сликата и не можев да верувам, дека е можно да сум ослабнала толку многу за краток период. Со губењето на првите килограми, со добивањето на комплименти, убави зборови за мојот нов изглед кај мене само се повеќе и повеќе растеше желбата и мотивацијата, стварно да стигнам до оној резултат кој си го имав зацртано во мојата глава.

Сега сум надвор од рестрикција, искрено знам некогаш како што викам јас да забегам малку од правилата на хроно исхраната, но сепак ако се случи тоа гледам да биде ретко и да не ми стане навика. Мојот план е со почетокот на новата година повторно да се вратам на рестрикција и да изгубам барем уште некој килограм, иако сите ми кажуваат дека нема потреба од тоа и дека сега изгледам одлично и да продолжам да се одржувам на оваа килажа.

Други корисни линкови:

Сподели

Слични содржини

Не постојат коментари

Оставете коментар