изгубени килограми: -22 кг
во период од: 5 месеци од кои сите во рестрикција
Никогаш не сум сакала отворено да разговарам за моите килограми и тежина. Мојата борба со килограмите почнува од мојата прва година и трае веќе 27 години. Првата препорака за диета ми ја дале на една 1 година, бидејќи ме чувала баба ми сум пиела по два литри млеко дневно, со секоја чашка со по две лажици шеќер. Мајка ми се трудела сето тоа да го смени, ама ако не ми давала она се наоѓал некој друг да ми даде. Па така како растев јас така и килограмите растеа заедно со мене.
Најлошата верзија од мене
На редовните ситематски прегледи во основно и средно ме упатија на ендокринологија да испитам тироидна жлезда, хормони, дијабетес бидејќи за тоа имам високи генетски предиспозиции, во семејството имаме тројца дијабетичари. Испитувањата ги направија, резултатите беа уредни се во граници на нормалата, се беше од јадење.
Мајка ми беше упорна да направиме промена, дури и додека бев во основно пробувавме најразлични диети и она држеше со мене за подршка да имам. Какви не диети сме пробале, резултати краткорочни, килограмите после дупло се враќале и се така во круг. Дури и пред неколку години кога бев на факултет ја пробавме и хроно исхраната со која го имав и најдобриот резултат, ама нормално кога се враќаш после тоа на старите навики се пропаѓа во вода.
Времето си поминуваше јас станував се поголема, се прифатив самата себе како дебела и дека нема никогаш да ослабам. Кога ќе ми се спомнеше зборот диета тоа беше како за срце да си ме фатил. Што кавги и плачки имаше. Борби водев со мајка ми и сестра ми. Колку и да се инатев и лутев длабоко во себе знаев дека го мислат најдоброто за мене и дека сакаат да имам поздрав и поквалитетен живот. Свесна бев за проблемот што го имам и знаев дека ќе дојде ден кога ќе треба да се соочам со него.
Фала богу поради прекумерната тежина не сум имала сериозни здравствени проблеми, крвната слика секогаш ми била уредна и на толку буреци и јадење благо, холестеролот ми бил во границите на нормалата, ама и покрај тежината што ја имав се чуствував добро. Се до минатата година, кога почнав да се чувствувам тесно во сопствената кожа, цело лето чуствував тежина во стомакот, ми беше тешко да се качувам по скали, трчањето по автобус изгледаше како да сум трчала маратон, почнаа да ми пукаат капилари на нозете, нозете ми беа цело време отечени, имав и нередовна столица. Иако со вагата бевме скарани и се немав мерено скоро 4 години, не знаев колку килограми имам ама знаев дека го имам достигнато максимумот, најлошата верзија од мене.
Почнав да се запрашувам што ќе биде понатака, што ќе биде за година, две, пет, затоа што негрижата за сопственото здравје почна да си го зема својот данок, без оглед на тоа што сум уште млада. Знаев дека треба да преземам нешто вака веќе не можеше и полека психички се припремав на таков чекор.
Зошто не пробаш и ти?
Беше 24 септември кога сестра ми го покажа хроно дневникот на Sanja Pice Markovska. Бев воодушевена од нејзината приказна. Кога го завршив читањето сестра ми ме праша: Зошто не пробаш и ти? Ѝ одговорив добро ќе почнам од утре и ѝ реков да ме додаде во групата, што мислам дека и на неа ѝ падна чудно што така глатко помина од моја страна без расправии, дури отиде до продавница и купи био лепче од Фурна Диме за да имам за појадок.
Основните правила на хроно исхраната ми беа познати како што напоменав и погоре дека ја имав практикувано, имаше измени ама во принцип основните правила беа тие. Вечерта ја отворив групата, ги разгледав правилата подетално и решив почнувам од утре, попатно ќе учам па што сака нека биде сега или никогаш.
Понеделнички на 25.09.2017 година го имав првиот хроно оброк две варени јајца, тостирано лепче и сувомесно. Првата недела беше хаотична не можев да се организирам со оброците излегував во 6 наутро за на работа, а ме фаќаше гужва на враќање од работа го каснев ручекот за половина час. Затоа од следната недела почнав да си носам два оброка на работа, доручек во 7.30 ручек во 13.00 и вечера во 18.30 кога ќе си дојдев дома и се држев до тоа, и покрај тоа што патував со два автобуса на работа. Кога се враќав дома спремав вечера, доручек и ручек за следниот ден, нормално имав и помош од мајка ми ама гледав да не ја оптоварувам толку многу сакав јас да спремам и воопшто не ми беше тешко успевав во тоа иако станував во 5.30 наутро, што покрај спремањето имав и време и за други активности.
Мојот хроно дневник со Цаци Милошевска
Поминаа првите 28 дена, минус 6 килограми, а јас се чувствував како да сум симнала 50 килограми, ја снема тежината во стомакот, го чуствував празен, а бев најадена, отоците на нозете ги снема иако поминував по 8 часа на биро, качувањето по скали не изгледаше така тешко, нови испукани капилари не се појавија, дури и столицата ми стана редовна.
Xраната не е посилна од мене
Неделите поминуваа јас си останав доследна и се држев до правилата, килограмите се намалуваа и за неполни 5 месеци стигнав до – 22 килограми, а кога почнав си поставив првична шестмесечна цел од 20 килограми помалку да бидат. Тие пет месеци не ги осетив дека поминаа, се уште не ми се верува дека успевам во тоа.
За овие 5 месеци си докажав на самата себе дека можам и дека ако се сака се може, дека можам да си ставам контрола врз сопствените постапки со мојата решителност. Дека е лесно воопшто не е лесно да се смени целосната перцепција и доживувањето врз храната и сé е навика и сé е во главата. Конечно го сфатив тоа што ми зборуваа мајка ми и сестра ми на кои јавно им се извинувам дека беа во право кога ми зборуваа дека храната не е посилна од мене и дека јас можам, бескрајно сум им благодарна што секогаш се покрај мене и се каам што не почнав порано.
Ништо не се оставарило преку ноќ, ниту пак оваа битка се води за еден ден, за се треба трпение и упорност, а резултатите сами си доаѓаат, а придобивките се огромни.
Преку оваа група за подршка сите ние заедно учиме дека храната е отров и лек истовремено дека треба да јадеме за да живееме, а не да живееме за да јадеме и не се умира за јадење. Продолжуваме сите заедно до посакуваната цел.