Правила и насоки/ Сé за Хроно

Правила и насоки за старт со хроно исхрана (рестрикција)

Хроно исхрана

Основната идеја за режим на исхрана по часови потекнува од францускиот лекар Alan Delabosa, кој регистрирал свој програм во 1986 година. Од тогаш па до сега хроно исхраната се менувала и усовршувала.

Др. Ана Гифинг како голем подржувач и промотор на овој вид на исхрана, за своите пациенти вовела покрај останатото и фаза која е наречена – рестрикција. Тоа е период во кој телото се чисти и организмот се прилагодува на новиот начин на исхрана. Токму во оваа фаза најмногу се намалува телесната тежина.

Oсновни принципи на кои се базира хроно исхраната

  1. Создавање на алкална средина во организмот (обезкиселување) затоа што закислувањето предизвикува хронични воспалителни и дегенеративни заболувања (карциноми, инфаркт, шеќерна болест и сл.)
  2. Правилен временски распоред на дневните оброци – задолжителни се три главни оброци во денот (доручек, ручек, вечера) со временско растојание од 4-6 часа меѓу нив, кога не треба да се внесува никаква храна, дозволен е внес на вода и билни чаеви
  3. Глуциден индекс (ГИ) – брзината со која одредени храни го зголемуваат нивото на шеќерот во крвта (гликозата) односно примена на така наречени спори шеќери, т.е. сложени јагленихидрати во исхраната.

Најважни правила во рестриктивниот период

  • Периодот на рестрикција е задолжен. Минималниот период на рестрикција трае 28 дена и е период во кој телото се прилагодува на исхраната. Рестриктивниот период се применува се додека не се дојде до посакуваната тежина, после тоа се преминува на вон рестриктивен или траен режим.
  • Во Хроно исхрана количините не се мерат, се јаде додека сме гладни, три пати на ден во период од 4 до 6 часа, најправилно е на 5,5 часа.
  • Кафето е дозволено да се пие само 2 пати дневно и тоа 30 минути после појадок и ручек. Дозволено е какао 2 до 3 пати неделно.

Генерални забрани во хроно исхрана

  • забранет е внес на течности 30 минути пред и по оброк (вода, билен чај, лимонада).
  • забранети се секакви видови на сокови и засладени напитоци. Дозволена е минерална вода до 2 чаши дневно.
  • забранет е внес на шеќер, мед, натрен и други засладувачи. Од засладувачи, дозволена е само Стевиа.
  • забрането е кравјото млеко.
  • овошје не смее да се јаде во рестрикција освен лимон и авокадо.
  • забранет е маргарин. Дозволен е путер и маст.
  • забранет е секаков вид на оцет, дури и домашен. Како замена се користи лимон.
  • во рестрикција e забранет мешункаст зеленчук како: грашок, пченка, компири, грав, ориз и боранија.
  • забранети се соја и соини производи.
  • забранет е секаков вид на алкохол освен црно суво вино, до 4 чаши неделно.  забранети се овошни чаеви, црн чај и чај од Хибискус. Дозволени се билни чаеви.

Правила и насоки за хроно леб

  • сите брашна во ХИ треба да се интегрални.
  • забранет е квасец и домашна маја  без разлика дали пченичното брашно е интегрално, во минималниот период на рестрикција од 28 дена не се користи а подоцна во траен режим е дозволено повремено.  Истото важи и за спелтиното брашно.
  • забрането е рафинирано сончогледово масло. Препорачано е обично маслиново масло за пржење и печење. Ладно цедените масла се користат само за салати.  Дозволени се сите видови семки. Забранета е готварска сол.
  • Дозволена е морска или хималајска сол.

Продолжува на страна 2:
Правила и дозволени намирници за појадок

Страници: 1 2 3 4

Сподели

Слични содржини

6 коментари

  • Реплицирај
    Анонимен
    15 ноември , 2017 at 13:44

    Dali nekoj moze da mi ja objasni postapkata na pravenje hrono leb? Vi blagodaram

  • Реплицирај
    Dejan
    2 ноември , 2017 at 23:15

    Dali treba dozivotno da se pridrzavame na ovaa ishrana za da ne se vratat kilogramite ili posle odreden period moze da si dopustime plus nesto vo ovaa ishrana?

  • Реплицирај
    Анонимен
    7 октомври , 2017 at 22:58

    Dali moze da ne se vecers

  • Оставете коментар