Мојот хроно дневник/ Сé за Хроно

Не постои човек кој е губитник, сите сме победници и шампиони!

Ирена-И.Ј.

Хроно дневник

на хронерот: Ирена И.Ј. (личен facebook профил)
изгубени килограми: -40кг
во период: 16 месеци, сите во рестрикција

Кога ќе направам ретроспектива на мојот живот како дете, а покасно и како возрасна особа, можам да кажам дека бев нормално и среќно дете кое порасна во особа без претеран број на килограми, + – варирав со 5 кг. до кај 20-21 година.

Дебело дете не значи здраво дете

Како бебе мајка ми од страв ме хранела малку повеќе од мојот постар брат (кој бил тежок на јадење) за да не останам гладна, што мислам дека покасно сето тоа си го зема својот данок. Сум сакала да јадам и тогаш, а сакам да јадам и сега. Обожавам убава храна, го сакам чувството на убавина во мојата уста и токму тоа чувство на уживање ме доведе до состојба од која во еден момент се почувствував како заробена.

Морам да бидам среќна и здрава, им требам на моите деца

Кулминацијата се случи во текот на моите две бремености, малку беа тешки, па со дополнителни хормони, па со помала активност, да на пораѓај не одев накај болница, можеа комотно да ме тркалаат. Се заврши и таа етапа, се родија децата, ама килограмите останаа, па си беа со тенденција на континуиран раст, да во еден момент осетам дека имам сериозни проблеми.

Ме болеа колената, кичмата, не можев нормално да спијам, депресија и чувство на немоќ. Токму тоа чувство ја запали мојата сијалица за аларм, морам да превземам нешто, морам да се борам за себе, не смеам повеќе вака да живеам и да се казнувам, морам да се ослободам од стегите и товарот.

Хроното е токму она што го барав

Почнав да пребарувам на интернет разноразни диети, таблети, шејкови, напитоци, ама ништо од тоа не ми изгледаше волшебно, барав нешто со кое нема да се чувствувам гладна, сакав да јадам и да слабеам  замисли  и како створено за мене се појавува група за хроно исхрана. Се зачленив, разгледував и ми се појавиа искри во очите, е токму ова е тоа што ми треба (има лапачка).

Во најкус можен рок ја почнав, дури и не успеав ни да прочитам детално за што се работи, битно ми беше дека тањирите им се полни. Прво што направив, купив брашно и замесив леб, и почнав. Почнав без да размислувам што, како, колку и до кога, сакав само да си помогнам и да го снема тоа лошо чувство на немоќ кое ме мачеше.

Мојот хроно дневник - Ирена И.Ј. - Трансформации

Мојот хроно дневник – Трансфoрмации

Помина еден месец, првите 8 кг. ги снема, на мојата радост и немаше крај. Уште во првиот месец се почувствував полесна, повитална, имав повеќе енергија, летав. Се нижеа месеци, а јас ја намалував килажата, имаше и стагнации (што е нормален процес) ама затоа обемот се топеше. За 16 месеци си заминаа 40 кг. а со нив си заминаа и моите негативни чувства и болки.

Да си дадеме шанса за душата да ни биде среќна

Во мојот хроно живот, сфатив дека не смееме да бидеме малодушни кон себе, колку и да паѓаме, треба силно да веруваме во себе за повторно да се исправиме, сепак на крајот од денот остануваме сами со себе, со своето тело и душа, тело на кое треба да му дадеме шанса.

Колку и да е тешка и неизвесна ситуацијата во која што се наоѓаме, мора да побараме излез од нејзе, мора да бидеме издржливи во своите маки, мора да се потрудиме, мора да дадеме напор да се промениме. Никогаш не треба да паѓаме во очај, затоа што единствениот пат за подобар живот е издржливоста во маките и силата на надежта. Спасот од било каков проблем е во сталното работење и учење, учење да ги совладаме сите препреки и проблеми.

Во природата на човекот е да се потчинува над своите потреби, но мора да се грижиме и за себе, за да не има подолго. Затоа никогаш не кажувајте никогаш, и никогаш не се откажувајте од себе, се можеме да направиме само ако силно од душа посакаме.

Првата борба за да се родиме, веќе сме ја добиле и не постои човек кој е губитник, сите сме победници и шампиони и така треба да се однесуваме кон себе.

Други корисни линкови:

Сподели

Слични содржини

Не постојат коментари

Оставете коментар