Мојот хроно дневник/ Сé за Хроно

Се гледаме на врвот, додека да не снема!

Мојот-хроно-дневник-со-Зорица-Велеска

Мојот хроно дневник со Зорица Велеска

изгубени килограми: –26 кг.
во период: 18 месеци од кои 9 месеци на рестрикција и останатите во траен режим

Здраво, искрено не знам од каде да започнам да пишувам, првиот чекор е најтежок не само за текстов веројатно за се во животот

Ајде да почнам вака,  јас сум Зорица, имам 30 години и сум многу ведра и позитивна личност, во моментов среќна и исполнета од благодетите што ги нуди животот. Сега ми е така убаво, но до пред година ипол и не беше се баш розево, така дури и накај црно ми одеше

Стресот од испитите си го зема данокот

Имав проблем со дебелината, тој проблем си го влечкав цели 8 години, не дека претходно бев нешто витка и манекенка ама пак се движев во границите на нормалата со максимум 5 кг вишок. Мојот проблем со дебелината започна кога се запишав на факултет, почнаа испитите а со нив почнаа и чипсовите до доцна во ноќта, брзата храна и кило по кило се поправив премногу, дури станав непрепознатлива.

Пробував со разни диети, апчиња, шејкови, но напразно ќе ослабам 5 кг после ќе вратам 10. И така се се одвиваше се додека не дознав за Хроно Исхрана. Враќајки се од работа, колешката ми спомна нешто за некоја си Хроно Исхрана што ја држела нејзината цимерка и имало доста резултати и ме додаде во српската Хроно Група.

Бев скептична, но резултатите набргу се покажаа

Така скептично ја разгледав и си викам ова нема шанси, јас ова ако го јадам ќе се направам дупло од ова што сум и ја баталив, ја баталив се до еден ден кога се погледнав на една слика што ме сликаше другарка ми случајно. Не го испив ни кафето, горчина ми ја изеде душата, си отидов дома и седнав право пред компјутер, од тој момент собирав информации за Хроно Исхрана, читав, се распрашував и така дознав за македонската Хроно група.

Кога ме прифатија во македонската Хроно група мислам се препородив, бевме малце членови помалце од 1000, сите со истиот проблем, расположени за давање подршка во секое време, секогаш имаше некој во тие кризни саати да ти подаде рака, рамо до рамо се држевме и тие ми помогнаа да стигнам до тоа што сум денес. Почнав на 5ти јули 2016 година, тешко беше не велам не, ама тука беа Вики, Сања, Вале, Маца, Маги, мојте херои, мојата инспирација, мојата подршка, мојата надеж.

Мојот хроно дневник со Зорица Велеска - Трансформации

Мојот хроно дневник со Зорица Велеска – Трансформации

Килограмите почнаа да паѓаат после само 4 дена, првиот месец бев -6 кг на среќата и немаше крај, го најдов спасот, почнав повторно да живеам. Социјализацијата не беше веќе проблем, присутна бев насекаде, ми се врати насмевката, сјајот и почнаа да ми се гледаат реалните години.

Со рестрикцијата се дружевме цели 9 месеци и ослабев 26 кг, после 3 месеци на траен режим и послеееее почнав пак да забушавам. Знам дека сум за ќотек и покрај целата мака и сите месеци истрајност јас пак паднав во искушение неколку месеци на белите пецива, ама се враќав успешно на Хроно и секогаш ќе се враќам на Хроно.

Хроно е за цел живот, Хроно е љубов, и сега повторно сум во рестрикција, не се откажувам и знам дека ќе успеам, успеав еднаш ќе успеам повторно.

Други корисни линкови:

Сподели

Слични содржини

Не постојат коментари

Оставете коментар