изгубени килограми: –30 кг.
во период: 18 месеци од кои 6 месеци на рестрикција, останатите во траен режим
Мојата Хроно приказна започна во јули 2016, трае и ќе продолжи. И претходно немав некои поголеми здравствени проблеми, но ако не одлучев да направам нешто за себе, повеќе од сигурно е дека ќе се појавеа.
Доволно долго и добро си ги носев кг. се до еден ден кога во преполнетите плакари речиси не можев да најдам ништо да ме собере. Никогаш не сум била на никаква диета, јадев здрава храна но на нездрав начин.
Два главни оброка во денот (во меѓувреме грицки) секогаш измешани со две три врсти млечно и два три вида месо, а компирот многу често и во секакви варијанти. Никогаш гладна, никогаш прејадена, а од ден на ден надувана како балон…време ми беше за издишување. Мојот проблем бил, не во количината на оброците, туку во многу лошото и неправилно комбинирање на храната. Имав слушнато за хроно, ама не бев запознаена и ред беше да се запознаеме.
25 јули 2016 – прв ден од одморот и прв ден на хроно исхрана. Интересно е да споменам дека уште на почеток јас хроно не го сфатив како диета, туку едноставно како начин на исхрана. Така остана до ден денешен.
Почнав правилна комбинација на храната, запазување временски период од оброк до оброк и резултати веќе беа видливи во првите три четири недели. За 4 месеци голем дел од гардеробата ми беше широка, за да веќе во шестиот месец се што имав ми беше преголемо.

Мојот хроно дневник со Благе Паноска – Трансформации
Коментарите од блиските а и од подалечните – Жено што стори ти? Арна ли си? Да не имаш некаков проблем… Велев да имам, морам целосно да си ја обновувам гардеробата. На почетокот устата пена ми фаќаше од зборување, објаснување што всушност е хроно, колку здрав начин на исхрана е и колкави благодети носи. Чувството на енергија и леснотија, со зборови не можам да го опишам, со оглед на моите години (имав 51 кога почнав) јас не одев, туку потрчнував, потскокнував.
Животот – секојдневно носење на одлуки, што ќе облечеме, со кого ќе се дружиме, како да си ги решаваме проблемите, како да го поминеме денот….Одлуката да почнете со ХИ е едно од најдобрите нешта кои би ги направиле за себе!
Последниов месец направив, нема да ги наречам грешки или неправилности, туку мали отстапки од правилата по кои се раководи хроно, повеќе од радозналост не од потреба, само да видам каква реакција би имала. Е немаше ништо! Се што ми треба е ова што го правам веќе 18 месеци, 6 во рестрикција останатото во траен, во кои си се збогував со околу 30 кг.
Една убава мисла…Човек мора да биде доволно голем за да си ги признае своите грешки, доволно паметен за да има корист од нив, и доволно силен за да си ги поправи.
Топол поздрав и голема почит за најупорните, најиздржливите и наприсутните во групата сите овие месеци.
Други корисни линкови: