Хроно дневник
на хронерот: Магдалена ЛаДонна (личен facebook профил)
изгубени килограми: -27кг и -30цм во обем
во период: 19 месеци, сите во рестрикција
Јас сум Магдалена…..ме викаат Меги, Маги, Магде и на сите им се одзивам ?.
Мене физички од секогаш ме имало…..всушност после пубертер ептен ме заима. Сега ми е криво за сите кифли и лебишта што ги изедов но враќање назад нема.
Јас сум човек со ведар лик, ма колку сака нека е црно ќе си го преправам за да ми е бар сивичко и одам низ проблемот додека не го сотрам. Не ме крши ништо така лесно! Е ова е сосема различно кога треба да се облечам за некаде и кога ќе се соочам со огледалото ?
Не стои како што треба да стои без оглед дали е пантолона (прво го гледам стомакот под папок како штрчи) или сукња (издигана и извртена за да може да личи на нешто)…..ужас! Па поплачи си малку, среди шминка и одлучно – од утре на диета, ма на вода бре!
Од утре на диета
И да утрето на диета која ќе трае 5 или 10 дена и откако ќе прегладнам удри на јадење. Симни 2 качи 4, симни 4 качи 8…. На Жан диетата, Зона, Аткинс, Дукан, Дајмонд, онаа со супа од зелка ?, онаа со варен спанаќ, и веќе не знам која не, апчиња Слим лајн, Цептер, бугарски некои па дури и обетка за слабеење! Јо-јо ефект или тотален фијаско!
Во бременост дури симнав килограми што беше за мене голема среќа. Цела бременост се поправив 6кг – фантастично! Но два месеци после породување ми отекоа нозете од под колена до малото прсте! Отоци до степен да не можам да ги свиткам стапалата, морав папучи 41 (а носам 38) да носам за да функционирам. Ми беше срам баби по улица кога ме загледуваа ? За подуеност и желудочни киселини не зборувам….масакар секој ден!
2014та и 2015та беа особено стресни и турбастични за на крај на 2015та веќе да не се препознавам себеси! Застанав на вага и се усрамив сама од себе! Овојпат знаев дека морам нешто да превземам! Ако не за себе за човечето на кое ќе му требам бар уште 40 години ?
Како започнав со хроно исхрана?
Другарка ми во Виена ми спомна за Хроно исхрана и ме додаде во српската група! Прочитав основни правила, па пак ги прочитав и цели три месеци се убедував дека тоа не е за мене! Ма каде јас со мојата работа ќе успеам да јадам под саат – нема шанси. Престанав да ја читам. Почнав као сама нешто да терам.
Нашава група веќе постоеше 20тина дена и исто толку бевме членови! Другарка ми во март постира слика со намалени 13 кг и пола од апчињата за тироида и останато намалени! Јас шок ама позитивен! Отидов купив брашна и моцарела, зеленчуци и лимон и на 28.03.2016 почнав! Официјално!
Палачинките со доматно пире и моцарела се првиот мој хроно доручек. Ден, два, пет и оп месец! – 7 кг!!! Восхитена! Пресреќна! Не ни помислив дали да продолжам понатака! И така ден по ден, месец по месец бидна година па 19 месеци и секојдневие. Колку пат само зад портата на затворот Идризово јадев бадеми за ручек за да запазам саатнина! Можело значи, м?
Приказни од лифтот
Кризи-мизи ова она ама ништо не е посилно од 6 конфекциски броеви помалце на пантолони и 8 на кошули! Сега не е проблем ни по обични продавници да одам да си купам нешто!
Ништо не се мери со одразот во лифтот и сликите пред и потоа, издишаните нозе, издишаниот стомак, мирниот желудник… Јас имам уште долг пат пред мене за да сите кифли и буреци да ги извадам ама знам дека сум на прав пат!
Вики – тебе ти благодарам за домава која ни ја обезбеди и сите “рамо за плачење” ситуации.?
Други корисни линкови: