Денес готвиме заедно со Сања Снежана Љубомир која ни подготви пица за мускули како оние на Попај. Останатите рецепти на Сања можете да ги погледнете во групата Хроно исхрана на Facebook.
Рецепт
ЗА ТЕСТОТО
- 10 големи лаж. Овесно брашно
- 2 големи лаж. Маслиново масло
- 1 мала лаж. Прашок за пециво
- 1 мала лаж. Сол
ЗА ФИЛОТ
- 200 гр. Спанаќ
- 50 гр. Моцарела во вода
Инструкции за готвење
1 | Подготовка на филот
Попарете спанаќ во топла вода и изблендирајте го со малку вода, со онаа која го попаривте.
2 | Подготовка и печење на тестото
Месете меко тесто и оставете го 10-15 мин пред да ја формирате пицата.
Формирајте од тестото пица, премачкајте го со филот од спанаќ и печете на загрена рерна 10 мин на 220°.
При крај додадете ја моцарелата на крукчиња. Печете уште додека не е готова.