Вегетеријански појадок/ Леб и пецива/ Појадок

Ржани кифлички

Затоа што овие кифлички се само со ржано брашно, може да ги јадете почесто. А и секогаш се добра опција за замрзнување.

Рецепт

ЗА ТЕСТО

  • 400 гр ‘Ржано брашно
  • 250 мл Топла вода
  • 4 лажици Маслиново масло
  • 1 лажичка Сол
  • 1 Пециво

ЗА ФИЛ

  • 300 гр Младо сирење

Инструкции за готвење

1 | Подготовка на тесто

Се мешаат сувите состојки и полека се додава топлата вода заедно со маслото.

Тестото е многу лепливо за месење во почетната фаза, па затоа треба да одмори барем 1 час. Идеално 2 часа.

2 | Подготовка на кифличките

Тестото се премесува со убаво намастени раце. Се дели на 8 топчиња.

Секое топче се развлекува на површина на која има ставено доволно масло, се полни со младо сирење и краевите се засекуваат. Се замотува кифличката и по желба се става сусам.

3 |  Печење

Се печат на убаво загреана фурна од 200 степени, околу 30-35 минути.

На здравје!

Сподели

Слични содржини

Не постојат коментари

Оставете коментар