Дури и кога не бев на хроно, имам испробувано многу рецепти за пилешка паштета. Исто и сите овие месеци имав обиди за да го добијам вкусот на пилешката паштета која ја посакував.
Секогаш бев приближно до очекуваниот вкус, но никогаш не го добивав по моја желба. Оваа рецепта е она што толку долго го очекував од паштета за појадок, со убав топол леб.
Рецепт
- 1 кг Пилешки копани
- 1 Кромид
- 2 Зелени пиперки
- 1 чешне Лук
- 1 лажица Дижон сенф
- по желба Магдонос
- 4 Ловорови листови
ЗАЧИНИ
- Мајчина душица
- Маточина
- Босилек
- Нане
- Рузмарин
- по желба Сол и бибер
Инструкции за готвење
1 | Подготовка на состојките
Првите две води ги фрлате, вообичаено. Во третата со повторно убаво измиени копани ја ставате солта и ловоровиот лист да се варат.
10 минути пред крај ги ставате свежите зачини, кромидот на пола исечен и пиперките исечени на ленти.
2 | Блендирање состојките
Кога ќе се олади месото за да може да го исчистите ( јас кожата ја фрлив, вие како сакате) , го ставате во блендер со сенфот.
Јас од свежите зачини само едно гранче од мајчината душица ставив внатре, другото фрлив затоа што доволно вкус имаа пуштено. Додавате свеж исецкан магдонос по желба.
Вода точно колку ми отиде не можам да кажам ама одприлика 100 мл. Вие прилагодете. Пред да изблендирате додадете ги солта и биберот.
Доколку немате свежи зачини, користете сушени ама внимавајте на количината. Или пак ставете зачини по ваш вкус.
Се прави навечер, односно претходниот ден, за да е уште повкусна наутро.
Во фрижидер може да стои 3 дена, па ако оваа количина ви е многу, прилагодете ја дозата според вашите потреби.
Исто така ја имам замрзнувано, менува малку на вкус, но сепак е вкусна.
На здравје!
Не е маратон, не е трка на кратки стази … вечно трчање е до подобра верзија од себе. До секое наредно “Браво” пред себе, до секоја воздишка пред спиење и “успеав и денес”.
Повеќе за мене