Леб и пецива/ Појадок

Банички со три вида брашно

Баничка-со-три-вида-брашно-640x930

Доколку сте во првите 28 дена на рестрикција, најдобро е овие банички да ги избегнете затоа што имаат пченично брашно. А во рестрикција може да ги користите еднаш во 15 дена од истата причина.

И можеби ќе ви треба малку повеќе трпение затоа што имаат јачменово брашно, па корите потешко се тегнат и се кинат. Но, со вкусот се компензира маката и времето кое го бараат.

Рецепт

  • 200 грама Јачменово брашно
  • 200 гр Спелтино брашно
  • 300 гр Интегрално пченично брашно
  • 550 мл Топла вода
  • 8 лажици Маслиново масло
  • 1 мала лажичка Химелајска сол
  • 500 гр Мелено јунешко месо
  • 1 страк Праз

Инструкции за готвење

1 | Подготовка на тестото

Од сите состојки месете меко тесто и оставате да одмори еден час.
Можеби водата ќе треба да ја прилагодите со +\- 50 мл, затоа што секое брашно различно прима вода.

2 | Припрема на корите

Тестото се дели на 8 дела и се формираат топчиња. Од секое топче се сука мала кора.
Од двете страни на секоја кора се става поголема количина на масло и се оставаат да одморат 30 минути.

Потоа од секоја кора се развлекува голема кора на чаршаф и се става од претходно подготвениот фил.

Во овие банички филот е праз и мелено јунешко месо, претходно испржени и изладени додека стоеше тестото.

Питата се пече веднаш во загреана фурна на 200 степени, околу 40 минути.

На здравје!

Сподели

Слични содржини

Не постојат коментари

Оставете коментар