Еден од омилените рецепти за чизкејк, кој овој пат е прилагоден за хроно исхраната. Па затоа во траен режим може да си дозволите ваков вид на ужина кога ќе ви се јаде торта.
Морам да нагласам дека воопшто не е благ, иако мое мислење е дека треба да се водите по рецептата, може да се додаде уште една или две лажици на агаве сируп во филот.
Друго што треба да се внимава е павлаката за матење да нема додаден шеќер и да нема растителни масти кои не се дозволени во хроно.
И на крај, уживајте во секое залче!
Рецепт
ЗА ОСНОВАТА
- 3 Јајца
- 60 грама Путер
- 150 грама Чоколадо со 72% какао
- 2 лажици Агаве сируп
- 1 лажица Спелтино брашно
ЗА ФИЛОТ
- 250 грама Маскарпоне
- 500 грама Млечна неутрална павлака
- 150 грама Чоколадо со 85% какао
- 300 грама Малини
- 1 лажица Агаве сируп
Инструкции за готвење
1 | Подготовка на колачот
Најпрвин на оган растопете го путерот заедно со чоколадото и оставете да се лади.
Јајцата се матат заедно со агаве сирупот исто како и за секоја торта. Понатаму мешате со лажица и првин го ставате брашното, па постепено мешате и го додавате путерот со чоколадото.
Во калап подмачкан со путер, ја истурате смесата и во загреана фурна на 180 степени и печете 45 минути.
2 | Подготовка на филот
Колачот треба да е скроз изладен пред да почнете со подготовка на филот.
Чоколадото најдобро е да го стопите на пареа или во микробранова печка и оставите да се излади малку исто како за колачот.
Слатката павлаката ја матите со миксер, но, не треба да е скроз цврста. На средина на матењето го додавате маскарпонето и агаве сирупот, па тогаш продолжувате да матите додека не добиете цврста смеса која не смее да има грутчиња.
Смесата ја делите на два дела. Во едниот го ставате расоптеното чоколадо и мешате убаво со лажица. Во другата смеса ги ставате малините и матите со миксер за да се иситнат подобро.
Колачот го вадите од калап и филувате првин со филот од чоколадо, па филот од малини.
Најдобро е тортата да стои во фрижидер барем 3 часа пред послужување.
На здравје