Еден од највкусните, а едноставни традиционални колачи. Ова е неговата хроно верзија која воопшто не отстапува на вкус.
Рецепт
ЗА КОЛАЧОТ
- 2 Јајца
- 5 лажици Спелтино брашно
- 3 лажици Агаве сируп
- 1 лажица Кокосово масло
- 2 лажици Кокосово млеко
- 1 Прашок за пециво
ЗА ПРЕЛИВ
- 200 мл Кокосово млеко
- 50 грама Путер
- 2 лажици Смелени какао зрна
- 4 лажици Агаве сируп
ЗА ПОСИПУВАЊЕ
Инструкции за готвење
1 | Подготовка пред печење
Јајцата заедно со агавето се матат со миксер, додека не се добие цврста смеса. Се исклучува миксерот и се додаваат пецивото, маслото, млекото и брашното.
Се пече 30 минути на 180 степени.
2 | Подготовка после печење
Кога ќе се излади колачот се сече на коцки.
Млекото се загрева на висока температура, па се додаваат путерот, какаото и агаве сирупот. Се заедно врие 2 минути и потоа се попарува колачот.
Се наросува со кокос и се остава да се излади.
Не е маратон, не е трка на кратки стази … вечно трчање е до подобра верзија од себе. До секое наредно “Браво” пред себе, до секоја воздишка пред спиење и “успеав и денес”.
Повеќе за мене