Кога имате желба за поинаква ужина, како плус идеја е чоколадниот пудинг, а и ќе ви одземе само 5 минути.
Вкусот на циметот не се чувствува, добива само мала арома, па доколку сакате може да ја зголемете количината.
Рецепт
- 1 големо Авокадо
- 1 Банана
- 200 мл Вода
- 1 лажица Агаве сируп
- 2 лажици Смелени какао зрна
- 1 лажичка Цимет
- неколку зрна Химелајска сол
Инструкции за готвење
Сите состојки се блендираат заедно и пудингот е готов за 5 минути. Доколку сакате може да се остави и околу 2 часа во фрижидер за да добие повеќе на густина.
Авокадото треба да е големо и количината на вода е прилагодена, доколку одберете помало авокадо, намалете на водата или прилагодете ја според ваша густина.
Може да користите и какао во прав, но не смее да е со додадок на шеќери.
На здравје!
Не е маратон, не е трка на кратки стази … вечно трчање е до подобра верзија од себе. До секое наредно “Браво” пред себе, до секоја воздишка пред спиење и “успеав и денес”.
Повеќе за мене