Мојот хроно дневник/ Сé за Хроно

Кога ќе стигнеш до точката: угоре високо – удолу длабоко

Мојот-хроно-дневник-Соња-Ристевска

Мојот хроно дневник со Соња Ристевска

изгубени килограми: –23 кг и преку -20 см во обем и многу, многу позитивна енергија, до зацртаната бројка, но не е само до неа.
во период: 22 месеци од кои 7 месеци на рестрикција и останатото време во пости- веге, надвор од рестрикција

За џабе не рекле дека животот пишува романи. Е така е 100%, мојот почна во 2001 год.
Никогаш не сум имала проблем ни со здравје, ни со дебелина, во просек окулу 50 кг. Да толку, додека на 01.1 2001г.не добив напад на жолча, завршив во болница и од лекарска грешка (фала му на бога што сум жива), преживеав 2 операции, воспаление на Панкреас и ред др.нешта кои следуваа и од тогаш навака се одеше горе-долу. Повеќе надолу. Едно хормонално пореметување, друго, па пореметување на Тироида до покачување на шеќер…и на крај до една рака таблети.

Во овој период килата полека но сигурно одеа нагоре. На ендокринологија поради покачениот шеќер добив дијагноза Дијабет Тип 2, докторката ме стави на диета кога имав веќе 97.7 кг. Кое измачување. ???? Толку лебни единици, онолку грама од ова, она и за 6 месеци да ослабам барем 10 кг. Е, јас додадов, дојдов до 104 кг.

Не се откажав, пробав се за да си помогнам

Повторно исто. Нов лекар, нови испитивања кои немаа крај и така додека се шетав од приватни и државни клиники дојдов до бројка од 114 кг. и конечно да се открие дека имам преголемо ниво на Инсулин, само 298 единици, а максимумот е 17. ????

Подобро да добиев шамар, помалку ќе болеше од зборовите на докторката. Ме праша дали мислам нешто да превземам или планирам 3те деца да ги оставам без мајка. Излегов како мува без глава од кај неа и отидов на нутриционист со цела документација и да не должам, во цели 6 месеци ни 600 грама не симнав, разочарувањето преголемо.

Потоа се консултирав со хомеопат и од таму во 3 месеци ништо, една голема нула, за конечно во 2015 по некоја случајност не разберам за хроно и правец Србија на преглед.

Од овој агол сега кога ги гледам нештата не можам да си простам што не почнав веднаш, туку како и многу од вас тука, искоментирав “на овие не им е арно”. Со ова јадење ќе се триплирам. Станав член на српската група и пратев, за конечно да дојде денот кога решив да пробам со милион отстапки за 2 недели -3 кг., помалку изненадувањето беше големо.

Во март 2016 добив покана од Вики која само што беше ја направила групата за членство во Хроно исхрана да станам член. Официјално со ХИ започнав на 24ти април 2016 год. Од тогаш до денес, се оди во најдобар ред.

Чуството на пеперутка е драгоцено

Инсулинот почна да оди надолу, сега е 30 единици, ензимите и трансаминазите од 4 пати повеќе се врати ја во нормална граница, притисокот нормален и едната рака таблети се сведе на само 2 апчиња. ☺

Верувајте, килограмите се најмал проблем. Да и тие се топеа, но чувството дека не си подуен како балон, дека конечно можеш да си ги видиш ковчињата на рацете и нормални стопала е бесценето. Тоа чувство на пеперутка е драгоцено.

Сите вие кои се двоумите, ви делува невозможно, невистинито, пробајте!
Не дозволувајте да дојдете до работ и вашиот роман напишете го вие лично!

Јас имам уште многу до целта и не се откажувам и никогаш нема да дозволам да дојдам пак на работ од провалијата. Хроното смени дел од мене. Го смена распиниот ден и на површина ја врати онаа Соња која беше секогаш ведра и позитивна. Благодарност до Виолета за создавањето на групата која ми стана второ семејство затоа што во неа сум од кога бевме 10 души.

Сега нашето семејство е огромно, но целта е иста. Покрај вишокот на килограми, здравјето пред се. Тука се преродив, тука сретнав многу нови пријатели со некои станавме и многу блиски Фани, Маги…и тука ќе продолжам.

Се гледаме на некоја средба. Се сакам сите!????

Други корисни линкови:

Сподели

Слични содржини

1 Коментар

  • Реплицирај
    Меги
    27 јануари , 2018 at 22:09

    Хероиште ????????????

  • Оставете коментар