Хроно 15 месеци
Килограми -15
Обем од 89 на 62 см
Добро утро убави луѓе 🙂
Оваа сабота мене ми е чест да Ви ја раскажам мојата приказна, мојата бобра, моите падови и успеси.
Како малечка бев нормално детенце, можеби малку дебелко, но врвот го достигнав од својата 10-та до 15-та година кога дојдов до 88 кг. Се сеќавам како да беше вчера, 10 јуни, завршување прва година средно, подготовки за вечерта, спремна јас излегувам, татко ми ме застанува и ми вика “ Весна, многу си се поправила, не личиш на девојче “. Тие зборови сеуште ми звонат во ушите. Од утредента започнав со строг режим, цела една година јадев само овошје, зеленчук, варено месо, јајца и супа и за една година веќе бев полесна за 25 кг, а за да ме почестат другарките за дисциплината, наредниот 10 јуни ми купија Симка мало чоколадо 🙂
Одтогаш, долги години си ги одржував кг, ни во бременоста не се поправив многу, но никогаш не се вратив на стариот начин на исхрана.
Како што одминуваа годините, динамичниот живот и обврските доведоа до повторно зголемување на кг, не драстично но сепак алармантно дека морам да превземам нешто. Решив да спортувам, да возам велосипед, но ми се случи несреќа, паднав со велосипедот спуштајќи се од Матка и ја скршив ногата. Бев неподвижна 8 недели, потоа тоа продолжи со секојдневно седење на работа по 10 часа и за 5 месеци качив 12 кг и дојдов до 76.
Морав да превземам нешто.
Почнав со вежбање, аеробик и персонални тренинзи. Тренерот Дејан Ѓалески ми направи посебен план на исхрана кој многу наликува на Хроно, само што вклучуваше овошје и некој скробен ручек понекогаш. Со негова помош и поддршка почнав да слабеам, се чувствував феноменално после секој тренинг, полна со елан и позитивна енергија.
Мојот хроно дневник со Весна Савевска – Трансформации
После 2 – 3 месеци и веќе намалени неколку кг, сесема случајно, на некој од порталите прочитав за Хроно исхраната. Ја најдов групата, влегов во неа и првиот пост кој го видов беше на Виолета, моцарела и домат, веднаш се израдував, сирењеееее 🙂
Почнав да читам, да истражувам и за неколку дена почнав. Отпрво мислев дека не можам да ги издржам тренинзите, дека ми се потребни јаглехидрати, ама не, напротив, одлично ми беше. Продолжив со истото темпо, 3 аеробик и 2 фитнес тренинзи. Веќе после првиот месец ги почувствував бенефитите од комбинацијата на хроно исхраната и вежбањето. Почнаа кг и см на одат повторно надолу, после малата стагнација, вишокот кожа почна да го снемува, мусклулите почнаа да ми се дефинираат, јас пресреќна, пола со себе, пред се здрава, полна енергија и со задоволен одраз во огледало.
Мојот хроно дневник со Весна Савевска – Трансформации
Сакам да им порачам на сите кои ќе ме прочитаат, а не почнале сеуште, да не се мислат, да почнат и да го согледаат бенефитот кој го видов и почувствував јас. Изговори има многу, но секогаш се наоѓа начин ако се сака нешто вистински.
И вежбајте луѓе, бидете активни, така резултатите ќе бидат побрзи, вие уште поздрави и поубави. Ќе го цитирам тренерот Дејан Ѓалески “нема да го добиеш задникот кој го сакаш ако само седиш на него “ 🙂 , огромно благодарам до него кој ми ја всади љубовта кон вежбањето и што ми помогна да дојдам до тоа што сум денес.
Благодарам и до Виолета, која е најнесебичното суштество кое го познавам и до сите останати модератори, среќна сум што запознав луѓе како Вас.
Моето мото за добар изглед: life is not 60% diet and 40% fitness, life is 100% dedication to your diet and fitness