Како и за сите лебови и мали лепчиња, така и во оваа рецепта најважна е ферментацијата да биде подолга од 4 часа. Овие лепчиња најчесто ги ферментирам од 6-8 часа, но многу често се случува и ненамерно да ги оставам подолго. Приметувам дека највоздушеста структура имаат кога се ферментирани околу 8 часа, барем мене ми се идеални.
И доколку користите псилиум за да добиете уште помеки лепчиња, најдобро е да го ставите пред да ферментира, заедно со брашното.
Рецепт
- 2 чаши од 250 мл Ржано брашно
- 2 чаши од 250 мл Јачменово брашно
- 3 чаши од 250 мл Топла вода
- 3 лажици Маслиново масло
- 6 лажици Семе од чија
- 1 лажичка Химелајска сол
ПОСЛЕ ФЕРМЕНТАЦИЈА - 1 Прашок за пециво
- 1/2 лажичка Сода бикарбона
- 3 лажици или половина лимон Сок од цеден лимон
Инструкции за готвење
1 | Подготовка
Прво се мешаат сувите состојки, па се додава топлата вода заедно со маслото. Доколку ви е полесно можете да матите со миксер, така ќе бидете посигурни дека е убаво измешано.
Го оставате тестото на собна температура да ферментира.
После ферментација ги додавате пецивото, содата и лимонот и матите со миксер околу 2-3 минути, додека не се измешаат состојките.
2 | Формирање
Со мокри раце формирате лепчиња и ги ставате на хартија за печење. Но, правете го тоа внимателно без многу притискање на тестото. Доволно е меко и со мокри раце само формирајте топчиња, така ќе останат многу помеки.
По желба наросувате со семиња и пак со мокри раце нежно притиснете.
3 | Печење
Се печат околу 60тина минути на 200 степени, во нормално јака фурна. Доколку вашата пече премногу, последните 15 минути може да намалите на 160-180 степени.
Веднаш по печењето се завиткуваат во сува крпа за да се изладат.
На здравје!
Не е маратон, не е трка на кратки стази … вечно трчање е до подобра верзија од себе. До секое наредно “Браво” пред себе, до секоја воздишка пред спиење и “успеав и денес”.
Повеќе за мене