Хроно дневник
на хронерот: Виолета Златкова (личен facebook профил)
изгубени килограми: –26 кг.
во период: 18 месеци од кои 6 месеци на рестрикција и 12 месеци во траен режим
Можеби не сум најкомпететниот човек затоа што во животот, односно во изминатите 20 години, си дозволив толку многу варијации во килажата и здравјето. Но, баш и од таа причина гласно кажувам, никогаш не се откажувајте и не кревајте раце од себе! Дури и 500 оброци по хроно да имате во една година е подобро од ништо… дури и пречести паѓања да имате, најдете начин да се охрабрите и да продолжите.
Зошто започнав со хроно исхрана
Почнав со хроно најмногу заради инсулинската резистенција и метаболниот синдром за кој знам од својата 17 година…пола од животот практично живеам со тоа. Тотален хормонален дисбаланс, лош липиден статус, за прв пат во животот бев и анемична и рекорден инсулин од 180 на гладно…
Најлошото во целата приказна е што знаев се што си правам, знаев доволно за храната, барем основното, раководеејќи се по исхраната на ендокринолозите и 5 години живеејќи на таа исхрана. Ама 2 години од животот иако знаев дека појадокот со смуди ќе “ме убие”, дека компирите со сирење без контрола ќе ми го кренат инсулинот до плафон и после два саати ќе јадам благо како да е последно на светот… дека по кило овошје на ден ниту било ниту ќе биде здраво за инсулинска резестенција… Се знаев и по не знам кој пат во животот си најдов милион изговори за да го направам тоа.
И последното нешто што си го зезнав од преголемиот внес на јагленихидрати, најмногу со благото, тестенините, со неконтролираното јадење овошје и пиење смуди и компирите без усул – беше тоа што си ја замастив јетрата и тоа до ужасна состојба.
Се додека не отидов на контрола утрото кога не можев и не сакав да станам од кревет, затоа што ми изгледаше пренапорно да се живее цел еден ден во својата кожа …
Никогаш претходно не сум имала толку лоши резултати и никогаш претходно не сум се чувствувала така, можеби и затоа се сите тие оброци без ниедна грешка цела година. Јас не сакам назад, не го сакам чувството на немоќ наутро … не се сакам себеси кога имам уште 100 години живот, така да ги поминам.
Здравствени придобивки кои ми ги донесе хроно исхраната
После една година на хроно инсулинот ми е 9, тироидната посовршена никогаш не била, целиот хормонален статус како што требаше да ми биде на девојче на 18 години, липиди скоро до совршени параметри, хемоглобин 148 и железо од 24. Јетрата и ензимите уште после третиот месец беа супер.
Ако не беше хроното немаше да дознаам дека имам голем недостаток на витамин Д, па сега сум со терапија за него и очекувам дека на следната контрола ќе биде подобар.
Нема посреќен човек од мене денес. Можам цел ден да го поминам на нозе и да не го почувствувам оној хроничен умор и животински апетит кој знаел секогаш да биде посилен од мене. Не сум оптоварена дали имам изедено плус едно јајце или дали цвеклото ми е 100 грама за да не ги надминам лебните единици за ручек…
Естетиката не е најважна, но секако е важна

Започнав со 96 килограми, за 2.5 месеци намалив 12 кг., на 10 месеци веќе бев полесна за 25 кг.
На вагата и станав напорна, не ради килата, они се бројка што ради сатисфакција ја чекав фамозната 69 да ја видам… веќе е само бројка. Заради тоа што се радувам дека јас сум најадена, човек како мене што е гурман и ужива во храната може да си дозволи да јаде до ситост и да не стигне до 130 кила пак.
И се радувам и ќе си останам “опсесивна” со нејзе, затоа што е тука да ме потсетува колку радост носи чувството на леснотија и задоволството во своја кожа секое утро. Ритуал кој не ми пречи и ми дава сигурност …
На првата слика имам 93 кг., стартував со 96.1 кг. на хроно, на десната слика имам 70 килограми. Скоро се што имам изгубено во килажа се масти, затоа и мислам дека е очигледен обемот.
Моите очекувања од хроно се да останеме уште долго во љубов
Во наредната година се надевам дека ќе успеам да го средам и одразот во огледалото на гаќи! и да сменам конструкција со минус 20 сантими обем во стомак.
Секако не мрдам од хроно јас, дали надвор од рестрикција, дали модифицирана рестрикција или повремено казнување … хроно е!
За мене не само што е љубов, туку живот е. И за оваа една година премногу ми е сменет менталниот склоп по однос на храната, па тоа мислам дека ми е и најголемиот бенефит за да може да се издржи долго на хроно.
Телото памети се, за жал, лошата исхрана и вишокот килограми кога тогаш си наплаќаат преку здравјето. А не вреди ниедна торта, ниедно благо, или кило помфрит со сирење кога борбата почнува и завршува со него.
Други корисни линкови: