Хроно дневник
на хронерот: Анита Даева (личен facebook профил)
изгубени килограми: -30кг
во период: 10 месеци, сите во рестрикција
Што да правам кога волку ме пораснале ? И знам се потекнува од 5 одделение коа бев слаба костур, толку сува што мајка ми ми купуваше сирупи за апетит. Но, најверојатно истите почнаа да дејствуваат по 15 години ?… Така некако би ја започнала мојата дебела приказна.
Сирупот за апетит е крив за се 🙂
Со килограмите варирам од згодно во дебело од мои 23 години во првата бременост. Точно 36 килограми плус. Катастрофа. Пред да ме однесат во операциона сала ме мереа, 116 кг. Се деформирав, но што да правам кога имав енормно зголемување на апетитот и уште поголема неограниченост во внесувањето на храна. Граница немав, размислував само да сум сита (реков јас сирупот од 5 е виновен за се).
Кулминацијата на масти, стомачни обрачи ја доживеав во фебруари оваа година рекордни 112кг, ама нетрудна ?. И никогаш здравствено не ми попречи дебелината иако е водечки фактор за куп болештии според светските статистики. Но, највеќе се нервирав коа ќе отидам да си купам гардероба а мое „бројче“ ни за лек.
Во изминативе 20 години варирав, но кантарот секогаш натежнуваше од 90 килограми па нагоре. Прекршувањето на мислата дека мора да ослабам се слуши кога видов една моја фотографија постирана на спортски портал. Сликана на светско првенство во ракомет во Франција. Цел живот сум му благодарна на колегата фоторепортер кој ме сликал и таа слика беше мое будење. Малку ми беа огледалата по дома и бројките од вагата, сликата ме отепа ?
За хроно исхраната слушав многу, никогаш не седнав да прочитам. Се си мислев не, многу е комплицирано да носам јадење на работа па како бебе да се хранам во точно време и слични од денешна перспектива гледано нереални размислувања. Сум пробувала и сум била на сите можни и неможни диети, некои биле успешни повеќе или помалку. Најтешки ми биле оние со мерки, не можам тоа јас. Да вагам грамови, не!
Па се мачев… ќе почнам, три дена умнa, четвртиот неумна и следниот ден пак стрвна до бескрај. Па оние лажни ветувања и надежи како и сите вечни диеталки, ај од понеделник и така се во круг.
Благото ми е најголемиот порок, без леб можам отров луто да јадам ама без благо мислев ден следен не ќе дочекам?. Кон хроното имав таква аверзија што не сакав ни да се информирам од книги од интернет од ништо. Се до февруари, поточно крајот на јануари кога една пријателка ме додала како член во Хроно групата без да и кажам или побарам или пак зборнам со неа на тема слабеење. И прво што видов, оп слика од Виолета . Знаете по нејзината слика не сакав секунда да размислувам, „прошетав“ по групата и само слики гледав. Сите тие фантастични резултати ме мотивираа како никогаш предходно ништо. Седнав да исчитам правила и на 31 јануари почнав.
Почетокот беше полесен од колку што очекував
Кога се сака се се може, факт. Не се оптеретив толку како ќе ме биде оти во глава ми беа сликите на хроно чедата ?. Тие ме водеа кон целта. . Најбитно ми беше што успеав да ја победам мојата вечна потреба за слатки убавини. Стартував со 112.3 кг. до 24ти април за мојот 43ти роденден кога го завршив третиот рестрикциски груг ослабев 17.5 кг. Ќефови, радости најголеми. Продолжив без ниту една отстапка.
Во првите 4-5 месеци бев хронер за пример. Се до јули кога почнав да си прекршувам по нешто, затоа што веќе ослабев цели 30 кг. ? Па има ли поголема радст за една жена кога ќе си облече фармерки еден куп броеви помали од тие што ги носела пред 6 месеци.
Мојот хроно дневник – Трансфoрмации
Пробав, се уверив и продолжувам без грешки
Почнав се почесто да правам крајно недозволиви прекршоци. Од време на време се дружев со благото, свесно си реков ај почасти се успеа, но појадокот секогаш ми беше хроно. Зборувам за овие последниве 2 месеци. Заради прекршување на правилата си вратив 3 кг. Но, од пред 5 дена повторно сум верен хроно јадач.
Имам цел а таа ми е 75 кг доволни бидејќи сум 176 см висока. За свадбата имав 68 па бев ко болничка ?, да дојдам до посакуваната тежина и потоа ќе се префрлам на траен режим. Во симнувањето на килограмите ми помогна и брзото пешачење. Иако само некои 2 месеци, но имаше силен ефект на целиот тој процес на слабеење. И пиев вода можеби по 4 литри на ден.
Проверки на крвната слика направив 2 пати. Последната вчера, топ резултати. Летам, летам и нема да престанам никогаш. Жалам само што ми се намали обемот на гради, но тоа е ?.
Организацијата е важна
Оброците си ги подготвував наутро за да можам ручекот да го понесам на работа. Варирав со апетитот, некогаш прегладна, некогаш ни залче не ми се ставаше во уста. Најчесто јадев лепче кое сама си го подготвував, кога немаше да го испечам добро го сечев на парчиња по ширина и на мојот тостарник го допекував. Највеќе јадев кисело млеко, појадокот ми беше и се уште ми е гозба над гозбите. Хумус и просо се уште немам пробано. Ми се погоди хроно исхранава оти сум месар најголем. Печурки за сите овие месеци имам само 4 пати јадено. Риба јадев најчесто туна конзервирана. На почетокот рендав и зелки и цвекла ама летово најлесно ми беше домат и краставица и многу печени пиперки и тиквички.
Она кога сте единствен хронер во семејството
Паралелно со мојата храна правев јадење и за домашните, и многу беше смешно заради вегетата која редовно ја употребувам не можев да пробам ништо од тоа што не ми беше дозволено а приготвено за семејството. Колку им досаѓав со прашањето добро е со соленост, вкусно е ?. Кое доживување беше кога ми успеа сирењето по хроно рецепт ?.
Не е тешко да си хронер само ако решиш. Има што да се јаде и нема ограничување во количината. За време на хроно исхраната ако нешто многу ми недостасуваше тоа беше сирење и грав a од овошје кајсии и јагоди, кои ги не пробав годинава ☹ А најмногу од се, уште и уште и уште кафе. Се прилагодив на овој начин на исхрана без оглед на свесните грешки силно продолжувам до целта. За гурман како мене ова е огромен успех оти јас сум дете на храната ?
Други корисни линкови: