Вегетеријански појадок/ Готвиме појадок со/ Појадок

Тортиљи со кралско полнењесе чита за 1 минути

Тортиљи со кралско полнење

Денес готвиме заедно со Славица Пановска која ни подготви тортиљи полнети со хумус/ајвар, јајце на око, марула, домат и краставичка. Останатите рецепти на Славица можете да ги погледнете во групата Хроно исхрана на Facebook.

Рецепт

ЗА ТОРТИЉАТА

  • 200 гр. Ржано брашно
  • 2 гол. лаж. Маслиново масло
  • 1/2 мал. лаж Прашок за пециво
  • 1/2 мал. лаж Химелајска сол
  • 400-500 мл. Вода

ЗА ПОЛНЕЊЕТО

  • 2 Јајца на око
  • 2 листа Марула
  • 1/2 Домат
  • 1/2 Краставица
  • 2 гол. лаж. Хумус
  • 2 гол. лаж. Ајвар
  • Сол и бибер

Инструкции за готвење

1 | Подготовка на тортиљата

Ги ставаме состојките за тортиљата во подлабок сак и додаваме вода по потреба, околу 400 до 500 мл. Тестото не треба да е многу течно, малку погусто од она за палачинки.

Се пече на тефлон тава покриена со капак или фолија, на тивко и од двете страни.

2 | ПолнењеРжано брашно на тортиљата

Едната тортиља ја премачкуваме од едната страна, со една голема лажица хумус. Го редиме листот марула и врз него го ставаме прженото јајце на око. Го зачинуваме јајцето со сол и бибер и врз него ги ставаме сецканите домати и краставички.

Втората тортиља ја премачкуваме со една голема лажица ајвар и на истиот начин ги редиме останатите состојки (со исклучок на доматот).

Секако, начинот на редењето како и самото полнење може да биде по Ваша желба.
На здравје!

Сподели

Слични содржини

Не постојат коментари

Оставете коментар