Денес готвиме заедно со Жаки Георгиевска која ни подготви една поинаква торта. Солена торта од просо со спанаќ и ајвар. Останатите рецепти на Жаки можете да ги погледнете во групата Хроно исхрана на Facebook.
Парче од солената може да искомбинирате со пршут или кисело млеко.
Рецепт
- 200 гр. Просо
- 300 гр. Спанаќ
- 5-6 гол. лажици Ајвар
- 5 гр. Путер
- 1 мал. лажичка Чиа семе
- 1 мал. лажичка Ленено семе
- 1 мал. лажичка Интегрален сусам
Инструкции за готвење
1 | Подготовка на просото
200 гр. просо се кисне во вода претходната вечер. Утрото се фрла таа вода, се налева просото со 600 мл. свежа вода. Се вари 15-тина минути со повремено мешање. Се додава 1 лажичка путер и се остава да се излади.
2 | Подготовка на спанаќот
Во тава на тивко се пропржува 300 гр. спанаќ (јас го земам смрзнат од маркет) со една лажичка Чиа семе, ленено семе и интегрален сусам. Се заедно се пропржува 10-тина минути на путер.
3 | Формирање на тортата
За еден од редовите потребни ни се 5-6 лажици ајвар.
Откако ќе се подизладат просото и спанаќот, земаме калап и го обложуваме со алуминиумска фолија која треба да ја постаивме повисоко, така што ќе излегува надвор од него.
Се реди, ред просо, ред спанаќ, ред просо, ред ајвар. Бројот на редови на тортата зависи од висината на калапот. Кога ќе го поставите и последниот ред, го покриваме калапот со чинија и го превртуваме за 180 степени. Се отстранува фолијата и се украсува по желба.
Добар апетит!