Вегетеријански појадок/ Леб и пецива/ Појадок

Ароматична путер погачасе чита за 3 минути

Мирислива путер погача

Најубавиот почеток на денот е кога во кујната ве освојува мирисот на топла погача. Особено кога тоа е мирисот на зачините и путерот.

Убавината во оваа погача е што може да ја комбинирате по ваша желба и што наредниот ден е дури и повкусна. Слободно може да ја чувате во фрижидер и до 3 дена.

Рецепт

  • 2 чаши Спелтино брашно
  • 2 чаши Ржано брашно
  • 500 мл Вода
  • 1 лажичка Сол
  • 1 лажица Маслиново масло
  • 1 Прашок за пециво

ЗА ПРЕЛИВ

  • 70 грама Путер
  • 2 чешниња Лук
  • по вкус Сол
  • по вкус Маточина
  • по вкус Босилек
  • по вкус Мајчина душица

ЗА ПРЕМАЧКУВАЊЕ

  • 20 грама Путер
  • по вкус Сусам

Инструкции за готвење

1 | Подготовка на тестото

Во сад се ставаат сувите состојки и се мешаат заедно. Се става топлата вода и се меси додека не се добие хомогено тесто. Можеби ќе треба да ја корегирате водата во зависност колку ќе примаат вашите брашна. Тестото треба да не се лепи на рацете, а да биде меко.
Го покривате со пластична фолија или ќесе да стои околу 30 минути.

2 | Подготовка на преливот

Свежите зачини се сецкаат ситно. Се сецка и лукот ситно и се додава сол по вкус.
Путерот се расопува и се додаваат на зачините.

3 | Подготовка на погачата

Тестото се дели на два дела. Секој дел повторно се премесува со намастени раце.
На работната маса се става масло, за да подобро сукање на корите.

Двете кори се сукаат со дебелина од половина сантиметар. Секоја посебно се премачкува со преливот и се завиткува во ролат. Крајните делови се сечат и користат за средината на погачата, а останатиот дел се сецка на триаголници.

4 | Печење

Садот се премачкува со путер. Се редат исечените парчиња и се премачкуваат со растопен путер. На крај се става сусам.

Додека се загрее фурната, треба да одмори. Се пече во загреана фурна на 200 степени околу 35-40 минути.

На здравје!

Сподели

Слични содржини

Не постојат коментари

Оставете коментар