Готвиме појадок со/ Појадок

Качамак со пршут и потпечен сусамсе чита за 1 минути

Качамак од јачменово брашно со пршут

Денес готвиме заедно со Соња Ристевска која ни приготви брз и топол качамак од јачменово брашно со пршут и потпечен сусам. Останатите рецепти на Соња можете да ги погледнете во групата Хроно исхрана на Facebook.

Рецепт

  • 5-6 големи лаж. Јачменово брашно
  • 1 голема лаж. Путер (20 гр.)
  • 300 мл. Вода
  • 30 гр. Пршут
  • 1/2 мала лаж. Интегрален сусам
  • Сол (по вкус)
  • Ким (по вкус)

Инструкции за готвење

1 | Подготовка на качамакот

На растопен путер додаваме 5 – 6 големи лажици јачменово брашно. Откако брашното убаво ќе се запече, постепено додаваме 300 мл. ладна вода додека непрекинато мешаме се додека не добиеме густа каша.

2 | Подготовка на сусамот

На загреана тава кратко го потпекуваме сусамот. Пршутот го сецкаме и сите состојки ги додаваме во кашата. Убаво промешуваме и зачинуваме со сол и ким по вкус.

Качамакот можете да го комбинирате со кисело млеко.

Сподели

Слични содржини

Не постојат коментари

Оставете коментар