Мојот хроно дневник/ Сé за Хроно

Чувство на чиста среќа и леснотија на постоењето

Мојот-хроно-дневник-Драгана-БГ

Хроно дневник

на хронерот: Драгана БГ  (личен facebook профил)
изгубени килограми: –45 кг.
во период: 13.5 месеци, сите во рестрикција

Здраво на сите. Јас сум Драгана и морам да признаам дека не сум била од секогаш елегантно преполнета. Значи до моја 18 годишна возраст бев да кажам со нормална тежина, дури едно време кога почнав средно училиште намалив многу килажа, без некаква намера за слабеење, просто не личев на себе.

Се случи нешто, не знам ни самата што и почнав да накачувам килажа. Но, не се замарав многу со тоа бидејќи имам висина и си велев можеш ти да носиш и некое кило плус, немора само коски да ти штрчат. И така, кило по коло стигнав до троцифрен број, кој верувајте не ми сметаше, си се сакав и таква. А ме сакаа и моите блиски, тоа ми беше најважно иако верувајте баш сакаа да ослабнам што од естетски причини што од здравствени.

Ајде да им направам кеиф отидов кај нутриционист. Добив листа за исхрана и јадев, пробував да го почнам денот со 1 кг. овошје до времето за ручек (измачување). За ручек нешто ситно, колку да се каже дека сум ставила нешто во желудник. Леле измачување, гладување, нервирање….да не ви раскажувам подобро.

Незнам како издржав неколку месеци и ослабнав. Ми беше ОК и си реков доста ти е. Не продолжив со таа исхрана, се вратив на старите навики и нормално килограмите почнаа да се враќаат. И ете доказ на мајка дека ништо не ми помага мене и да ме остави на раат со муабетите дека треба да сум на диета. Не веќе не ми збореше, ама нејзиниот поглед кажуваше се.

Алармот за помош е активиран

Се ми беше супер, се додека еден ден уште на работа ми беше многу лошо. Мислев дека е желудник, се напив се што имав за да ја намалам болката но безуспешно. Вечерта завршив на клиника со напад на жолчка. Замислете, таму ми кажаа дека сум дебела (дека јас не знаев) и дека морам да ослабнам. Јас си го знаев тоа но во тој момент не сакав да се мачам со разни изгладнувачки диети.

Вечерта една докторка (Фана) ми даде извештај во кој пишуваше дека имам песок во жолчката и ме упати да одам на ендокринолог за да проверам скриен шеќер. Единствена што се посомнева дека и нешто друго игра улога во мојата гојазност а не само храната. Ја послушав и од тогаш почна сé.

Тироидна ужас, скриениот шеќер вришти. Веднаш почнав да примам терапија а докторката ми напомена дека треба да ја сменам исхраната. Јас уште во првите 2 недели секоја вечер пред спиење јадев мед и си велев, па имам апчиња ќе ми го средат шеќерот.

И така си терав со мојот инает, со не прифаќањето на болеста цели 4 години. Се додека еден ден докторката не ми кажа дека Глукофаж од 1000 мг. ми е последна шанса и дека ако продолжам така ќе преминам на Инсулин. Тој момент се подразмислив малце. Не дека се плашам од игли него за тоа до кога вака.

Упорноста на мајка беше пресудна да се обидам да направам нешто за себе

Да се разбереме баш ми беше гајле што бев дебела, но тоа не беше случај и со мајка ми која многу се плашеше за моето здравје. Ноќи не проспиени за да слуша дали дишам. Ноќи не проспиени за да ме разбуди кога ќе почнам да се гушам. А јас секогаш лоша…остави ме, ти само замислуваш дека мене не ми е добро.

Во 2016 год. отидовме да кажам фамилијарно на одмор. Во една аптека имаше дигитална вага, застанав на неа и кога си кажа јадната што имаше да каже почнав да се карам со неа, дека незнае што зборува. А таа јадната ми покажа една огромна бројка која ме запрепасти на кратко., но само на кратко, затоа што не помислив ништо да сменам.

Мојата мајчичка тогаш сеуште беше во работен однос и во разговор со колешка од работа истата и спомнала за хроно исхраната. А душата моја познавајќи ме и знаејќи како можам да реагирам на зборот диета, не се осмелувала да ми спомне.

И тогаш Магдалена Вигњевиќ самоиницијативно ме додаде во групата. Не се потресов многу…влегов, видов и се исклучив. Од тогаш 2 недели по ред секое вклучување на компјутер мене прво ми излегуваа објавите од членовите на хроно групата.

Се навлеков, почнав да влегувам намерно, да ги гледам објавите и полните порции, да ги читам сите коментари. Ѝ кажав на мајка дека има група ако сака да прочита. Читаше она, читав и јас. Баравме рецепти, разгледувавме можности, размислував како јас да почнам а работам во 3 смени. Како да ги усогласам оброците со времето за спиење.

И така после извесно време свикав куќен совет, седнавме на тркалезната маса и и соопштив дека сакам да пробам со хроно исхрана. Мислам дека по среќна од неа немаше во тој момент.

Си реков ќе пробам, па нели за проба пари не земаат

Петок мерење највисоки 148.9 кг. ужас. Сабота 22ри октомври 2016 год., прв хроно оброк. Јас почнав, да пробам. Знаев дека нема долго да издржам, се познавам себе си. Си реков ете ќе почнам за да и покажам на мајка дека нема тоа ефект на мене. Верувајте ми на збор дека не приметив кога поминаа 28 дена и кога дојде време за мерење.

Отидовме во клиниката каде се мерев првиот пат и ѝ реков на мајка, што и да биде немој да викаш. Вагата наспроти мене, се гледаме и она ме вика а јас ја игнорирам. Ми беше страв да застанам на неа иако знаев дека се придржував максимално дисциплинирано кон ХИ.

Мојот хроно дневник – ТрансформацииМојот хроно дневник – Трансформации

И бидна, застанав на неа со страв и чудо покажа минус цели 8 кг. и 900 гр. Само знам дека и реков немој да викаш во болница сме, да излеземе надвор па прави што сакаш. Знаев дека е пресреќна, ќе вриштеше од радост. А јас не знам, како во бунило не верував, но сепак бев среќна, ма најсреќна бев.

Да напоменам дека за сите тие 28 дена редовно ја пиев терапијата за дијабет. Но, осеќав дека нешто не е како треба. Пред крајот на првата рестрикција помеѓу ручекот и вечерата (со испиена терапија) мене многу ми се слоши. Не знам како стигнав до дома и прво нешто што направив е лимонада со цели 3 лажици шеќер. Се осеќав лошо зошто земав шеќер и веднаш се обратив во групата зошто знаев дека ќе ми кажат што да правам понатаму.

Виолета ми кажа дека морам одма да направам крвна слика да видам до каде сум со шеќерот, дека сигурно е изрегулиран со исхраната и пиењето терапија е последица за тоа грозно чувство на немоќ.

Мојот најголем успех, терапијата за дијабет е прекината

Така и беше, крвна слика (шеќер) одлична! Веднаш земав упат за на клиника за да ми се намали дозата. Добив само едно апче дневно по појадок, јее успех невиден. Ги пиев само до Нова година и потоа на своја рака ги прекинав затоа што и тоа едно ми го симнуваше шеќерот после појадокот. Терапија за дијабет прекината од лекар, намалена доза на еутирокс…леснотија во движењето.

И така, ден , месец, месеци….стигна и една цела година хроно љубов во кога изгубив 45 килограми, многу сантиметри а добив многу, ма премногу. Здравствени придобивки колку сакаш.

Добив и второ семејство кое брои илјадници луѓе кои не ги познавав а ги осеќав блиски, бидејки чекоревме заедно кон иста цел. Тие што ги запознав го одат патот кон врвот, заедно со мене. Полесен е чекорот кога знаеш дека кога ќе потклекнеш имаш за кого да се задржиш да не паднеш. Тогаш притрчуваат сите на помош.

Уште го чекорам тој пат и ќе пливам во рестрикцијата уште долго зошто имам за симнување уште најмалку 20 килограми а до сега за 13 месеци успеав да се ослободам од 45 кг. и многу во обем, поготово во делот на струкот.

Ви благодарам на сите што не себично го делите секој слободен момент со нас!

Други корисни линкови:

Сподели

Слични содржини

2 коментари

  • Реплицирај
    Gordana
    9 декември , 2017 at 16:31

    zdravo Dragana dali mose da stapom vo kontak so tebe i jas go imam istiot proglem visok killogrami ise drugo seker teroidna se vikam dimova gordana

  • Оставете коментар