Во сезона на правење ајвар, мафините се една од варијантите за појадок. По оваа рецепта, лично за мене, излегуваат најмеките мафини и никогаш не може да се утнат. Освојуваат со мирисот, а се вкусни и после два дена во фрижидер.
Рецепт
- 200 гр Ржано брашно
- 4 Јајца
- 4 лажици Ајвар
- 4 лажици Маслиново масло
- 1 лажица Сончоглед
- 1 лажичка Сол
- 1 Прашок за пециво
Инструкции за готвење
1 | Подготовка
Во сад се ставаат јајцата и солта и се матат со миксер се додека не се добие целосно густа смеса. Се ставаат ајварот, пецивото, маслото и сончогледот и се мати повторно со миксер.
Брашното се додава постепено, се меша полека со маталка или дрвена лажица за да остане убав хомогена смеса.
2 | Печење
Се става смесата во калапи за мафини. Одприлика излегувааат 8-10 мали мафини. Фурната се вклучува на 200 степени и додека се загрева, се оставаат да одморат.
Се печат одприлика 30 минути. Доколку ви се големи калапите, печете околу 40-45 минути.
На здравје!