Вегански ручек/ Веганско/ Вегетеријански ручек/ Готвиме ручек со/ Ручек

Веганска мусака од модри домати со печурки

Мусака од модри домати со печурки

Денес готвиме заедно со Марија Петровска Ѓорѓиевска која ни подготви веганска мусака од модри домати со печурки соодветна за сите режими. Останатите рецепти на Марија можете да ги погледнете во групата Хроно исхрана на Facebook.

Рецепт

  • 2 Модри домати
  • 500 гр. Шампињони
  • 2 главици Кромид
  • 2 чешниња Лук
  • 1 тегла Доматно пире
  • Маслиново масло

    ЗАЧИНИ 
  • Сол и бибер
  • Босилок
  • Куркума
  • Копар
  • Мајчина душица
  • Магдонос

Инструкции за готвење

1 | Подготовка

Модрите домати се сечат на кругови со дебелина од 0.5 см, се посолуваат и оставаат на страна 15-тина минути.

Во тава со малку маслиново масло, на умерен оган, се пропржуваат кромидот, лукот и шампињоните. Се додава половина од доматното пире и зачините и уште малку се остава да се продинста. Се трга од оган.

2 | Печење

Садот во кој ќе се пече мусаката се попрскува со малку маслиново масло. Потоа се реди еден ред модри домати, врз него половина од динстаните шампињони. Пак ред модри домати, па втората половина од шампињоните. И на крај, мусаката се завршува со ред модри домати.

Во останатиот дел од доматното пире се додава малку вода, убаво се промешува и со оваа смеса се прелева целата мусака. Од горе се наросува со сушен магдонос.

Се пече во загреана рерна на 180°C – 200°C, околу 40-тина мин или прилагодено на сопствената рерна.

Сподели

Слични содржини

Не постојат коментари

Оставете коментар