Мојот хроно дневник/ Сé за Хроно

Што сакаш да бидеш кога ќе престанеш да се плашиш?

хроно-дневник-Сања-Марковска-cover

Хроно дневник

на хронерот: Сања Маркоска (личен facebook профил)
изгубени килограми: –55 кг.
во период од: 15 месеци, сите во рестрикција

Мојот хроно дневник.. хммм, би бил цела книга, можеби и две, денови и ноќи за кажување и раскажување, цел филм со среќен крај, но … измеѓу е целата приказна.?

Оние што ме сретнаа, ја знаат мојата среќа и дел од моето хроно созревање, но оние што ме познаваат, ја знаат мојата среќа, цело хроно созревање, но и мојата совест и станувањето свесна за себе во текот на сите петнаесет (15) месеци во кои животот ми стана едно!
Раскажував низ месеците, секој еден беше исполнување на сложувалката. Секој истраен месец беше “зачинет” со одбелешка на истиот преточен во зборови, среќа и радости фрчеа од секој ден! ?

Имено … во сета среќа цело време нешто фалело …

Отсекогаш, откако знам за себе, себеси не се познавам поинаква освен ваква каква што сум. Дебелка и заоблена! Што би рекла јас, трупче! ?

Животот ми нанесе многу фази со кои и од кои созревав. Се лутев, се смеев, плачев, се радував, бев среќна па тажна, па пак среќна и исполнета, убава и грда па пак среќна, едноставна и најпосебна, некогаш мила, некогаш идиот, љубена па изгубена, па пак среќна и најубава и иако се така се вртев во круг, бев неуморна! За мене застанување беше само потребата за сон.

Живеев будна и енергична. Со полн ек, без драми и предрасуди, само јас и сите околу мене како допуна. Ништо не беше важно, само доброто друштво и доброто расположение. Ми беше убаво, бев ѕверка во окружението, без мене не се случуваа работите, излегувања, шетања, диско, кафани, пиења и јадења до зори (очигледно јадењето ми било послатко?), дружби, интелектуални настани, сè беше повеќе од совршено. Од страна гледано изгледаше идилично, што и БЕШЕ! Да, беше, преубави денови беа тоа! ?

Но, како одминуваше времето, така и јас несвесно си растев во гојазноста. Отпрво не приметуваш, но подоцна работите преку ноќ почнуваат да добиваат поинаква смисла. Не приметувајќи, таа допуна стана мое прибежиште. Од сите среќни моменти, не само што добив среќа и радост, туку добив и троцифрена бројка на вагата. Си беше три бројки, ама си носеше кец напред, барем јас така мислев до еден момент кој ми направи раздор во душата.

Вечерта среќна си легнав. Најадена и напиена. Но ноќта секогаш е долга велат.

Се разбудив во 05ч. препотена и со тахикардија, не знаев што ми се случува. Измерив притисок, 170/110.. пребледев! Прв пат во мојот живот, живеењето ми удри шамар! Беше толку силен што не знаев кај сум. Од еднаш сè се смени. Се “загубив” во цифрата. Не бев повеќе важна јас, ниту среќата, стравот ме голтна цела! Набрзина отидовме на доктор. Такво резилење не бев доживеала во сиве мои години! Мајка да ми беше, па немаше да се однесува докторката така со мене, ме направи масакар, во две минути дебелината низ нос ми ја извади, а јас како попарена, молчев. Занемев! А и што би рекла… виновна до бесвест!

Се вратив дома без збор да кажам, не можев да се свестам од ударот. Легнав и заспав. За сè да биде потешко, утрото, одејќи од собата до тоалетот се задишав како да сум истрчала цел маратон. Стравот рапидно растеше во мене. Од дете кое шета и ужива, се претворив во човек кој оди по лекари и врши испитувања. Џабе беше сè, си барав оправдување за слученото, но ниту еден наод не излезе со дијагноза! Единствена дијагноза ми беше прекумерната тежина! Дури ни обичните ваги не ме мереа, мораше како животно на сточна да се качувам. Се качив. Со толкава тежина не ни беше чудно, со нилскиот коњ од зоолошката градина исти си бевме! :))) Толку килограмите ми стануваа неподносливи, што да можев во кафуле со автомобил да влезам, ќе влезев! Веќе не беше се така интересно. Прашање на време беше кога ќе ме предадеше телото.

Не престанав да шетам, ама овој пат не шетав среќна, шетав лута. Се лутев зошто никаде не можев да мрднам пеш, а беше потребно. Сите ми беа виновни што одбрале кафуле во парк или центар. Може требаше за мене да изградат едно во кое автомобилите ќе ни беа инвентар, а? ? Мореее, мавајте, сите камења се дозволени! :))))

Се лутев зошто буквално преку ноќ се сменија работите. Но најмногу бев лута на себе! Хипохондријата ми стана дел од секојдневието. На 5 минути испитував крвна слика, небаре ќе најдам нешто што ќе ми го оправда притисокот..

Немаше! Предебела бев! А поголема болест од дебелината нема! Дур да трепнеш може пепел да се сториш, до толку е опасна! Уште поопасни беа погледите и осудувањата од најблиските, како и маката која им ја нанесував, а дупли терет ми беше.Таква млитава и без излез, појдов кај пријателка да направам уште една крвна слика. Ја поболев жената! Партал ме направи до срж! Наведнав глава молчев. Тогаш, видно загрижена, драгата Лидија Симиќ, ми го посочи хроното. Ми кажа за него и ми објасни што и како придонесува, кои се бенефитите и сето тоа пропратено со докази. Помина малку време и решив да видам за што се работи. Решив да престанам да се плашам! Секако ништо не можев да изгубам, освен јас самата да се изгубам од ова парче земја ако не прекратев тука! Па вака… ?

Како започнав со хроно исхрана?

Со хроно исхраната почнав на 09 Јуни 2016год.Почнав како и со секоја предходна диета. Беше или/ или. Бев огромен скептик, но и бев свесна дека ќе нема веќе кој да диши за мене ако останев на тоа скалило. Бев огромен скептик и затоа што она што се јадеше во оброците, изгледаше како да сме му седнале на царот во дворот! Со сите салтанати бе, како што си личи, уште дворски шутеви ми фалеа да ме ладат со папрати додека појадував.

Не ми беше за верување дека конечно има нешто кое ќе го јадам, ќе е вкусно и ќе слабеам. Но имало Господ! Уште во првиот месец скептикот во мене се изгуби. По само првата недела ги носев килограмите како.. како да сум дел од Викториа сикрет!  It’s such a secret that even Victoria’s secret angels doesn’t know me!

Почнав да се чувствувам себеси

Шега на страна, чувството на леснотија после само неколку дена беше неверојатно! Почнав да се чувствувам себеси, да се враќам онаа старата јас, која само потребата за сон ја запираше. На крајот од првиот месец скептично стапнав и на вагата (сточна беше пак, не ме мереа обичните ваги за луѓе). На среќата и немаше крај! Добив џек пот! -7кг !!!!! А јас за прв пат во животот сита и со низок старт пред да се впуштам во вистинската и за верување хроно авантура!

Верувајќи во себе, ми се случи најубавото! Запознав прекрасно семејство, формирано во група за поддршка на гојазни луѓе, “Хроно исхрана”, која чинеше околу 400тини члена. Луѓето беа феноменални! Никој никого не познаваше, ама сите исто делевме, вишок килограми, здравствени непријатности, љубов, разбирање, совети и неверојатна 24 часовна поддршка! Мерак беше оти знаев дека не сум сама, а спокој беше оти конечно бев разбрана од луѓе.  Бев меѓу “своите”!

Деновите си минуваа, килограмите и обемот се намалуваа, пријателите се зголемуваа, здравјето и среќата повторно непрекинато се множеа.

За само 3 месеци веќе немаше потреба “друг” да диши за мене, дишев ЈАС!!! Ми се отворија белите дробови! Не се забревтував како коњ на трки, не се заморував и не се потев како во сауна да сум на 80°С. Немаше веќе ни отоци на нозете! Немаше немирни сонови и болки во ‘рбетот и кичмата! Немаше висок крвен притисок! Немаше подуваност и тежина во желудникот! Ја немаше Сања без енергија!Немаше туѓи и остри погледи од најблиските! Бев задоволна со себе, конечно почнав да го соединувам мозаикот! А бе ОДЕВ ПЕШКИ ЕЕЈ!!! ???

Почнаа и физичките промени

хроно-дневник-Сања-Марковска

хроно-дневник-Сања-Марковска

За 10 месеци намалив 44 кг., на 12 месеци веќе бев полесна за 55 кг.

Ми се појави задникот, ми излегоа на површина облините, заличев на човек, не бев веќе како превртена трапезна саксија! ?
Веќе за десет (10) месеци јас бев полесна за 44кг!!!! Повторно неизмерна среќа!!!! Тука веќе почна и менталниот склоп да ми се менува, освен физички, доживеав и психички промени. Мојот мозок веќе не репродуцираше незаситност и стрвост, туку само умереност.

Набрзо ја дочекав годината! Бев повозбудена од дете на својот 5ти роденден. ? За мене беше прв! Славев една година од истата среќа што си ја носев цел живот! Не знаев што со себе. Чувствата нè престануваа да танцуваат. Сè беше во ритамот на Сања. ? Светот беше мој! И сето, не ради друго, туку дека достојно издржав дванаесет (12) месеци на Хроно исхраната, а бе воопшто издржав на режим.. јас!! ? Бев горда на себе колку бев дисциплинирана!

Искрено, и дотогаш не бев знаела што е вистинска среќа. На 12те цели месеци дознав.. Бев полесна за цели 55кг. !!!!! Животот ми доби нова смисла, јас добив нова смисла, се преродив… уште повеќе воскреснав од гнилото кое ме беше фатило! Уживав! Многу драги лица се радуваа заедно со мене! Мелем на душава ми беше што успеав да израдувам искрени пријатели! ? Сè беше волшебно! Дури и нормална вага за ЛУЃЕ почна да ме мери!?

Влегов во еден круг во кој сè ми беше ново и убаво, освен моето минато. Мислев дека многу знам. Мислев дека ако ги исправувам нештата кои не ме засегаат директно, се исправувам и себеси. Мислев дека ако другите ги правам среќни, доволно е и за мојата, дека тоа цел живот ќе ме прави среќна, но моето мислење се испостави како огромна грешка!
Воглавно земено, бев и сум среќно дете! Да, тоа никогаш нема да се промени! Но како растев, се смени цената на среќата. Додека си мал сè што лета се јаде, кога ќе потпораснеш, се каеш за доста од работите што си ги “изел”.

Секој ден, изнудувајќи по некој од моите каприци, дојдов и до моето каење. Каење за сè што си направив. За сето она што и на најблиските им го направив. За сите грижи и непромислени работи. За секој мој негативен потег, за сите “изгубени” доверби од страна на саканите.

Она што сакам да го кажам е, денес колку и да се чувствувам убаво, не е секогаш сè розево. Има падови! Но тоа не значи дека треба да се откажуваме. Има моменти каде што се кубат коси колку е мачно и искушувачки. Има денови кога ми оди сето да го фрлам во вода.. но накратко застанувам и ретроспектирам.. ги барам чувствата, ги барам оние проклети немири со сите плус килограми, намерно сакам да ја почувствувам бедотијата.. и НЕ!!! Не сакам да се вратам таму!!! Никогаш!!! И веднаш стивнувам.. Боли, но стивнувам. Кога не можам сама, барам помош.

Денес веќе бројам петнаесет (15) месеци! Последниве три ми се доста тешки, признавам. Со длабока искреност кажувам.. Грам немам мрднато и се нервирам! На моменти сакам да се казнам себеси зошто бев доволно говедо за да дојдам до овој степен. Се нервирам и се пцујам бе! Идиотиште! Во себе сешто си велам, но што ако? Драги мои, самокритичноста е убава работа ама не помага тоа, во случајов, само уште поголемо тапкање во место прави..

Но решение секогаш постои! Верував и се молев! Бог секогаш за сите нас го чува најдоброто! Така и за мене! Добив втора шанса! И неверојатно благодарна сум за тоа! Фала му што ми ги вкрсти патиштата со некои луѓе, особено како што е Виолета Златкова!

До крајот на мојот живот не ќе можам да ја искажам благодарноста кон неа! Девојчето буквално животот ми го спаси! Ме извади со едната нога од кал и ми подаде рака кога најмалку очекував. А бе луѓе, не ме ни познаваше, само знаеше како се чувствувам минејќи ја истата приказна горе-долу.

Љубезна и трпелива од самиот почеток, крај по крај, дел по дел, ми го осветли патот! Уште ми го осветлува! Денес не само што ме познава, туку и создадовме пријателство за навек! Без неа не би била овде! Таа е мојот хроно гуру! Личен инспиратор и мотиватор, Таа е мојот ИДОЛ! На врвот, сакам да бидам Таа во огледалото! ?

“Само” петнаесет (15) месеци ме трпи како везден и трубам над главата! :))) “Само петнаесет месеци “работи” и за двете со совети и студирања! “Само” петнаесет месеци душата и ја вадам! :)))

Виолета, ти благодарам од дното на срцето! ❤

Јавно, пред светот и ти се извинувам што ти ги тегнам нервите! ? Знам дека ќе си го изедам за напишаново, но без твојата 24 часовна, безрезервна поддршка многу пати ќе паднев! Фала ти за секој збор во секое време, за секоја подадена рака да станам и за секое рамо што ти го натопив! Фала ти што постоиш и што си создавател! Фала ти што светот го правиш подобро место за живеење! ? Имаш срце како планина, никогаш не менувај го тоа! ?

Уште една голема благодарност до Лидија Симич, да не ми го посочеше хроното, не ќе бев дел од групава, ниту ќе запознаев некого. Ти благодарам Лиде! ?

Благодарам и на целата група за поддршката, взаемните бодрења и љубовта што ја делите! Ви благодарам за сите несебично споделени совети и добронамерност! Благодарам што ова Наше “домче” го одржувате чисто и свето место! Ви благодарам и од срце ви посакувам на сите да си имате по една Виолета. Со таков пријател, човештвото има надеж, а животот скапоцен камен! Е таквите луѓе се чуваат и пријателствата од истите се негуваат оти никогаш не знаеме кога треба да заблескаме! ?

За ништо на светот не би си наштетила повторно

Не ги сакам тие чувства, но никогаш нема ни да ги пуштам, за секогаш да ме потсетуваат какво ѓубре бев. Знам и Вие не би си наштетиле, затоа јас нема да ви кажам почнете и нема да зажалите, туку ќе ве “натерам” сами да си го најдете звукот на отскочната даска, оти само така ќе имате резултати, без терања, без притисок, без труење над главата. Само слушајте го Вашиот внатрешен глас, доволно е! ?

Чувајте се и негувајте се! Оти сами сме креатори на сопствената среќа! Што ќе посееме, тоа и ќе жнееме, си знаеле старите мудреци ?

Добро ви утро пријатели! ❤

Други корисни линкови:

Сподели

Слични содржини

10 коментари

  • Реплицирај
    Анонимен
    2 октомври , 2017 at 02:31

    Prekrasni dushi ,prekrasni lichnosti koi davaat pottik ,motiv i volja da se soocime so samite sebe i so svoite greshki,i da otpocneme nov zivot ,da zapocneme so transformacijata od gasenica do peperutka … Ve sakam mili i ve cuvstvuvam bliski kako da ve znaam od sekogash

    • Реплицирај
      Виолета Златкова
      2 октомври , 2017 at 14:47

      Фала ти! 🙂

    • Реплицирај
      Сања
      2 октомври , 2017 at 14:56

      Тоа е тоа чувство кое носи лесна среќа! Да почувствуваш некого кого ни ликот не си му го видел, а како да е растен до тебе!
      Фала ти! :*

  • Реплицирај
    Сања
    1 октомври , 2017 at 11:16

    Ти благодарам на убавите зборови Билјана, да си здрава и жива!
    Ајде, тука сме, заедно сме посилни! 🙂

  • Реплицирај
    Марија
    1 октомври , 2017 at 00:24

    Пак ги прочитав и двете статии.
    И повторно ќе ги прочитам и повторно…
    И ги препратив на многу други, да почувствуваат што е љубов, што е борба…да сфатат дека сами си ја кроиме судбината.
    Ве сакам и двете. ???

    • Реплицирај
      Виолета Златкова
      2 октомври , 2017 at 14:46

      Се надевам знаеш дека е обострано. 🙂 :*

    • Реплицирај
      Сања
      2 октомври , 2017 at 14:53

      Фала ти Марија. Ваквите зборови значат многу!
      Само со арно и убаво да се враќа! :*

  • Реплицирај
    Biljana
    30 септември , 2017 at 11:51

    Kolku ste prekrasni luge Sanjicka i Vikicka znaete li? Sanjicka so svojata iskrena,ubava,cesna,vesela dushicka pleni,razveseluva,ti naviraat solzi na ocite od ubavinata koja ja citas. Aaaa Vikicka so svojata posvetenost,istrajnost,iskrenost sekogash tuka kako “majka”za site nas.Pocnav hrono,pa prestanav zosto sum budaletinka no posle postov pocnuvam na 1vi. Ve sakaaam i fala viii sto postoite

  • Оставете коментар