Веганско/ Ужина

Темно чоколадо

Хроно темно чоколадо

Сакав да се почастам за една година на хроно. Со што, ако не со домашно чоколадо?

Рецептата ја правев со огромно уживање, а сепак со доза на страв каков ќе биде вкусот и дали ќе ми ја задоволи желбата за чоколадо.

На мое големо изненадување, превкусно е!

Рецепт

  • 100 мл Кокосово масло
  • 1 лажица Агаве сируп
  • 5 лажици Какао во зрно

Инструкции за готвење

Кога ќе се растопи кокосовото масло ( јас го чувам во фрижидер ) се става смелено какаото и агаве сирупот.
Се меша една минута на оган за да се соединат состојките. После се ставаат во калапчиња и во замрзнувач на пола саат.

Во неколку има свежи боровинки, во неколку кршени бадеми. Затоа пола ги полнев, замрзнував неколку минути па дополнував со смесата.

Потребно е многу кратко време да се замрзнат убаво затоа што се малечки.

На здравје!

Сподели

Слични содржини

Не постојат коментари

Оставете коментар