изгубени килограми: -31 кг
во период од: 12 месеци од кои сите во рестрикција
Несомнено е дека ужасно е исцрпувачки да се порекнуваат соништата и да се
занемарува патот на својот најдобар живот. Потребно е многу повеќе енергија за да не
бидеш верен на себеси.
Се обврзував дека ќе станам човек што многу повеќе живее за себе со постојана
самодоверба, ќе градам сопствени вредности како човек, ќе ја градам сопствената
личност врз основа на она што јас можам да бидам, да се чувствувам поудобно во
својата кожа, да блескам од среќа и здравје, од виталност и енергија.
Хроно – тоа е принципот според кој јас живеам, велам живеам, на вистински и прав
начин. Еден филозоф одлично ја пренесува поентата кога забележал: ,,Откажи се од
капката, стани океанот“, што значи дека секогаш упорноста се исплатува и ги донесува своите бенефити.
За хроно исхрана за прв пат слушнав од една моја внука во мај 2016, која ми раскажа
дека една нејзина пријателка се преполовила, веднаш ми стана интересно но и
неприфатливо кога прочитав колку многу има да се јаде, доручек, ручек, вечера во сите
оброци колку сакаш количински. Мојот одговор беше НЕ, јас со толку обилни оброци
веднаш ќе качам на тежина која веќе беше и така голема.
Во јуни 2016 година една операција на матка која навистина не беше лесна со оглед на
мојата тежина, а и пропратните проблеми што ги имав со тромбоза, со преживеана
тромбоемболија после породување, проблеми со тироидна жлезда, се заврши добро
благодарение на тимот на доктори раководен од д-р Горан Димитров во Гинекологија
во Скопје.
Кажав дека имав проблем со циркулацијата од 1997, кога го родив мојот син и кога ги
добив сите мои килограми. Да, имаше моменти на варијација на тежината но тоа беше
незабележително со постојано враќање на килограмите. Најтешко ми беше кога одев на
лекарските контроли и докторот ќе кажеше ,,мора да симнете на тежина имате проблем
со циркулација, а тежината ја влошува состојбата“, или кога почна да ме болат
колената, на левото колено се собра вода и тогаш беше иста реакцијата дека имам
прекумерна тежина мора да ослабнам.
Не да изгледа дека сум била неодговорна, дека сум јадела колку сакам, сум јадела
благо, сум пиела газирани сокови и сл. Не секогаш внимавав што ќе јадам, сум пробала
со многу диети, сум вежбала, благо каснував со страв, секогаш јадев леб со
прескокнување на неколку дена, често се случуваше да не ручам, а за доручек јогурт со
еден ѓеврек, а вечерата, тоа што требало да биде за ручек.
Да, сум посетила и еден нутриционист кој ми нашиша што да јадам секој ден, со тешки
маки до 2 месеци симнав само 4 кг. Се придржував на режимот кој ми го даде, но
ограничувањето да јадам тоа што тој ден не ми се јаде, не е за мене.
Од септември 2016 година кога еден ден од самата таа внука, ми стигнаа на маил
инструкции за хроно исхрана, почнав да читам и се повеќе статии да отворам на
интернет, ПРЕСУДЕН МОМЕНТ беше кога веќе немаш број на панталони кои ќе
можам да ги носам на работа (униформа).
Случајно видов на ФБ дека има група ,,Хроно исхрана“, испратив барање, бев примена
и веднаш почнав, срамежливо и несигурно да прашувам, да не прашувам, секој
слободен момент јас бев активна, читав коментари, гледав постови, групата стана мое
семејство, мои најблиски со кои ја делиме истата мака. Една недела помина, униформата стана лабава на мене, не ми се верува, најадена, без досадните постојани главоболки.
Продолжувам со голема љубов и желба, а хроно-семејството тука беше постојано со мене, како подршка за успех. Помина еден месец а јас полесна за 12 кг, на мојата среќа и немаше крај, веќе видливо, забележливо, пропратено со пофалби, а мене желбата за успех ми расте се поголема и поголема. Продолжувам со уште една рестрикција, па уште една,…и ете поминала една година, а јас полесна за 31 кг.

Мојот хроно дневник – Валентина Бутевска – Трансформации
Сега веќе нема, кога одам во продавница ,,ИЗВИНЕТЕ НО НЕМАМЕ ГОЛЕМИ
БРОЕВИ“, пресреќна сум, можам да си купам тоа што сакам, да си носам фармерки, а
најмногу сум среќна што униформата стои како леана на мене.
Здравстени придобивки огромни, нема повеќе болки во колена, нема досадни мигренозни болки, крвна слика во ред, редовна контрола кај матичен лекар.
Нов облик на организирање на ритамот на животот
За да се смени физикусот, односно да се намалат сантиметрите и тежината, секој од
нас мора да заземе нов облик на организирање на ритамот на животот и да постапува
на еден свој и посебен начин придржувани на правилата на “Хроно”.Тогаш нашиот
свет ќе се смени и ќе можеш да станеш моќен катализатор во својата преобразба. Знам, дека ова е начин на една посебна промена во мојот живот, по што и интуицијата ми
вели дека сум токму онаму каде што треба да бидам на мојот животен пат, само е
потребно да се придржува и остане во тој колосек и се ќе биде добро.
Пред да застанам на прагот на Хроно исхраната, првиот чекор ми беше тоа што ја изразив Хроно исхраната на ниво на визија, затоа што човек пред да го побара она што го посакува во животот, прво мора да знае што сака. Не треба да губиме допир со вистинските желби на нашето срце, затоа што ја губиме онаа врска со нашите приоритети и нештата од кои срцата ни се распеваат. Губиме осет за она што го сакаме, а потоа прераснуваме во возрасни луѓе кои не знаат ниту кои им се вистинските желби. Како последица на тоа, не знаеме како да ги натераме срцата да ни чукаат и да уживаме во искуството на целосното живеење, ангажираност и присутност во сегашниот миг.
Се уште сум во рестрикција, не ми е воопшто проблем, бидејќи не го имам сфатено
како дете кое чека само време да се врати на стариот начин на исхрана, јас лично го
гледам како начин на исхрана кој ќе го продолжам и понатака.
Голема благодарност за сите членови во хроно-групата, а посебно за Вики, Фани,
Марија, Маја, …… кои несебично со нивните коментари и подршка направија оваа група
да стане мое второ семејство.
И секако, голема благодарност на мојата свекрва која многу придонесе за овој резултат
што го имам постигнато со подготовка на вкусните оброци, акои навистина и измачуваа
на почетокот со дозволени и недозволени намирници.
Среќна што можам да ја носам облеката која стоеше спакована во шкафови повеќе од
15 години, среќна секогаш кога ќе се погледнам во огледало.
Се разбира дека не се откажувам, се уште сум во рестрикција до моја сакана тежина од
која не сум далеку. Не се плашам на стагнациите, ги прифаќам како нормални.
И на крај, сите оние кои се уште се двоумат дали да почнат со овој начин на исхрана ќе
кажам ,,ПРОБАЈ, ПА ВИДИ“.
Само да истакнам една убава забелешка која ми беше пренесена од моја братучетка
,,Вале, денес те видела во продавница една моја роднина која била со сопругот и таа му
вика на сопругот: ВИДИ ВАЛЕ КОЛКУ Е ПРОМЕНЕТА, ОСЛАБЕНА“, а нејзиниот
сопруг одговори, НЕ Е ТАА ВАЛЕ, ТАА Е ЌЕРКА И“…а јас, немам ќерка, имам син.
Пеперутки, будете се
Сватив дека за да се има одличен живот вербата и вољата треба да бидат поголеми од скептичноста. Само кога имаш верба во фактот дека сакаш да се менуваш себеси кон подобро, од секој аспект, било естетски или здравствен, тогаш твојот најсветол живот
ќе затропа на твојата врата. Вербата во фактот дека сменетиот начин на исхрана се залага за твоите најдобри интереси иако низ патот кон сето тоа постојат одредени потешкотии, го разоткриваш својот поголем план и мораш да му веруваш. А потоа магијата на твојот живот ќе добие дозвола да исплива на површината.
Преку Хроно исхраната, во животот увидов дека единственото на што можеш да
сметаш е неочекуваното. Магијата на твојот живот се буди. Сите ние треба да
поминуваме повеќе време како истражувачи и да ја пронајдеме вистинската формула,
како Хроно формулата, преку која стигнавме до нашиот свет кој порано претставуваше
една монотона фантазија.Кога со вербата се ќе заврши совршено, така и новата
реалност ќе претаставува автентична совршена слика за самиот себе.
Верувајте во Хроно, пеперутки будете се, дојде нова пролет во нашата исхрана, време е
да летаме во продуктите на предвесникот на пролетта во нашите души, а тоа е ХРОНО
и само ХРОНО.
Дел од моето хроно мени
[supsystic-gallery id=36 position=center]
Други корисни линкови: