Ова е еден од најчестите рецепти кои ги правам.
Рецепт
ЗА ТЕСТО
- 50 гр Ржано брашно
- 50 гр Спелтино брашно
- 80 мл Топла вода
- малку Пециво
- 1-2 лаж Маслиново масло
ЗА ФИЛ
- 120 гр Моцарела
- 150 гр Печурки
- Доматен сос
- Оригано
Инструкции за готвење
1 | Подготовка
Се замесува тесто од сите состојки и ако е премногу лепливо за да се обликува, најдобро е да отстои 30-40 минути. Брашната може да ги менувате по ваша желба. Дури и кога имам правено само со ржано брашно, толку вода било потребно.
Совет за сите кои немаат некогаш доволно време наутро, тестото може да го спремате и обликувате навечер. Така може да стои во фрижидер ама убаво завиткано со фолија за свежо.
2 | Печење
Обликуваното тесто се пече 20 минути на 200 степени или ако е многу јака фурната само 15 минути. Потоа се додадаваат состојките од филот и се пече на истата температура околу 10 минути.
Не е маратон, не е трка на кратки стази … вечно трчање е до подобра верзија од себе. До секое наредно “Браво” пред себе, до секоја воздишка пред спиење и “успеав и денес”.
Повеќе за мене