Вегетеријански појадок/ Леб и пецива/ Појадок

Солена торта со маслинки

Солена торта со маслинки

Во недостиг на вистинска торта, оваа торта е замена за појадок и воодушевува колку многу е мека.

Рецепт

  • 9 лажици Ржано брашно
  • 4 Јајца
  • 2 лажици Маслиново масло
  • 100 гр ( количина без семки ) Маслинки
  • 1 Црвена пиперка
  • по желба Магдонос
  • 1 Прашок за пециво
  • 1/4 лажичка Сол
  • Сусам

Инструкции за готвење

1 | Подготовка

Јајца заедно со солта се матат до густина како за пандишпан.
Понатаму не се користи миксер, само лажица за мешање.

Се додава пецивото, маслото, сецканите маслинки и пиперка и се меша се заедно. Брашното се додава постепено и се меша бавно за да не се останат грутки.

2 | Печење

Во садот каде што ќе печете секогаш е добро да ставите масло и малку брашно за да не ви се залепи.
Смесата се истура и може да стои 15 минути додека се загрее фурната.

Се пече 45 минути на 200 степени ако е висока како мојата. Ако е пониска или повисока корегирајте го времето за печење. И ако фурната е премногу јака, можете 30 минути на 200 степени и 20 минути на 180 степени.

Мој совет е да не ја сечете премногу топла за да не ви биде леплива. И додека се лади е добро да е покриена со крпа, па со ќеса.

На здравје!

Сподели

Слични содржини

Не постојат коментари

Оставете коментар