Леб и пецива/ Појадок

Пита пастрмајлија со месо и јајца

Како и за обичната пастрмајлија, така и за хроно верзијата, највкусна е кога се прави со тазе маст. И мирисот и мекоста на тестото освојуваат.

Ова е моја верзија, а вие може да ја прилагодите на своите потреби.

Рецепт

ЗА ТЕСТОТО

  • 3 чаши Ржано брашно (чашата е од 200 мл)
  • 3 чаши Спелтино брашно (чашата е од 200 мл)
  • 450 мл Топла вода
  • 1 лажица Химелајска сол
  • 1 Прашок за пециво

ЗА МЕСОТО

  • 600 гр Свинско месо
  • 1 лажица Црвен пипер ( зачин )
  • 1 лажица Лут буковец
  • По желба Сол и бибер
  • 3 Јајца
  • 3 лажици Свинска маст

Инструкции за готвење

1 | Подготовка на тестото

Најдобро е месото да се исецка и зачини претходната ноќ, за да ги впие сите зачини. Ако не сте го напраиле тоа претходно, најдобро е да го средите месото пред да почнете со тестото за да има време да одмори.

Се замесува меко тесто и се остава барем 20 минути да одмори. Се дели на 4 топчиња и од секое формирате по една пастрмајлија. Секоја од нив ја премачкувате убаво со маст.

2 | Печење

Се ставаат да се печат во загреана фурна на 200 степени околу 20 минути.

Потоа ги вадите, пак ги премачкувате со маст. Го ставате месото и јајцата и враќате да се пече уште 20-25 минути.

Кога ќе се готови, убаво е барем 5-10 минути да стојат покриени со пластична кеса или фолија.

На здравје!

Сподели

Слични содржини

8 коментари

  • Реплицирај
    Анонимен
    28 јануари , 2018 at 15:39

    Вики може ли со јачменово и ржано,и зарем не треба да ферментира?Благодарам

  • Реплицирај
    Анонимен
    22 јануари , 2018 at 21:37

    Дали претходно месото се пропржува?

  • Реплицирај
    Анонимен
    12 јануари , 2018 at 00:23

    Освен спелта може со некое друго брашно во комбинација со р’ж и колку количина ?

  • Реплицирај
    Стојка
    21 декември , 2017 at 22:40

    Права виничка????

  • Оставете коментар