Иако изгледа комплицирано, едноставна е за правење, а многу вкусна за јадење. Во рецептот има и слики од постапката кои ќе бидат олеснување како да ја направите.
Наместо младо сирење може да се користи и урда. Печурките може да се маринирани, а ако се свежи треба претходно да се испржени. И спелтата може да ја замените со брашно по ваш избор.
Рецепт
ЗА ТЕСТОТО
- 200 гр Ржано брашно
- 50 гр Спелтино брашно
- 200 мл Топла вода
- 1 Прашок за пециво
- 30 мл Маслиново масло
- 1 лажичка Сол
ЗА ФИЛОТ
- 20 гр Путер
- 200 гр Печурки
- 100 гр Младо сирење
- 100 мл Доматен сос
- по вкус Оригано
Инструкции за готвење
1 | Подготовка на тестото
Се мешаат сувите состојки заедно и се замесува тесто со топлата вода. Доколку има потреба може да доставите плус 20 мл вода затоа што тестото не смее да биде суво на месење. Маслиновото масло додадете го на крај врз тестото и оставете да одмори околу 30-45 минути.
2 | Подготовка на погачата
Никогаш кога размесувате тесто или сукате не користите додатно брашно, ако има потреба додадете масло за да ви е полесно.
Спремајте го филот посебно соединувајќи ги сите состојки.
Се расукува кора, дебелината е колку дозволува само тесто. Се филува рамномерно и се завиткува во ролат. Ролатот се сече на триаголници, и така се мести во садот за печење.
3 | Печење
Ставете путер врз погачата и по желба сусам.
Погачата се пече околу 50 минути на 200 степени, но доколку фурната е премногу јака може 30 минути на 200 степени и 10 минути на 180 степени.
На здравје!
Не е маратон, не е трка на кратки стази … вечно трчање е до подобра верзија од себе. До секое наредно “Браво” пред себе, до секоја воздишка пред спиење и “успеав и денес”.
Повеќе за мене